
Hi-Tech Corp. (www.hitech.com.mk) е водечки европски производител на електронски штампани плочи. Преку посветенување на нашите над 200 вработени, се посветуваме на технолошката експертиза и квалитетот на нашите производи кои ги надминуваат очекувањата на нашите клиенти.
А нашите клиенти се едни од најголемите светски брендови. Нашите електронски штампани плочи се применуваат во: CERN акцелератор, Williams Racing и Audi F1 тимовите, Ferrari SF90 и 488, Mercedes AMG, Медицинска индустрија (респиратори, магнетна резонанца, CT), комерцијални сателити, ARRI камери и опрема за видео пренос на Олимписките игри во Париз 2024), авионите Airbus и Boeing, апаратите на Bosch и Siemens
Во моментов отворено е следното работно место
CUSTOMER SERVICE ОПЕРАТОР
Опис на работно место:
- Организирање на испораки
- Изработка на фактури и товарни листови
Работни услови:
- Работа во прва смена, од понеделник до петок од 07:30 до 16:00, и секоја трета сабота
Што бараме:
- Завршено минимум средно образование
- Одлично познавање на англиски јазик и MS Office
- Претходно работно искуство не е потребно
Што нудиме:
- Организиран превоз (фабриката се наоѓа во с. Орешани - Зелениково);
- Обезбедена храна;
- Приватно здравствено осигурување за лојални вработени;
- Почетна нето плата од 30.000 денари.
Доколку сакате да станете дел од тимот кој работи за најголемите брендови низ целиот свет, доставете кратка биографија на емаил hr@hitech.com.mk најдоцна до 23.02.2025 година.
Hi-Tech Corp. обезбедува еднакви можности за вработување на сите кандидати и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Со самото аплицирање за работната позиција, вие се согласувате дадените лични податоци да се користат/обработуваат од страна на Hi-Tech Corp. и тоа само за процесот за селекција на кандидатите. Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со доставување на барање на hr@hitech.com.mk.



