Vrabotuvanje.com - Административен асистент за продажба - Кавадарци - АЛАЈАНС УАН МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Административен асистент за продажба

Кавадарци

Рок за пријавување:

  • АЛАЈАНС УАН МАКЕДОНИЈА

Алајанс Уан Македонија АД, Кавадарци е консолидирана филијала на Алајанс Уан Интернешенал во состав на холдинг компанијата Пиксус Интернешенал со седиште во Морисвил, Северна Каролина, САД. Алајанс Уан Македонија АД се занимава со откуп, обработка и промет на ориентален тутун во лист.

Една од главните цели на компанијата низ децениското присуство на македонскиот пазар е да го промовира квалитетниот македонски ориентален тутун како основна состојка на најпознатите светски брендови на цигари и други тутунски производи.

Алајанс Уан Македонија, Кавадарци објавува оглас за вработување на еден извршител на определено време од една година на следното работно место

Административен асистент за продажба

Опис на работните задачи:
  • Обезбедува административна поддршка во продажбата на тутунот.
  • Ги организира деловните патувања и деловните посети во компанијата.
  • Води деловодник за примените и испратените документи.
  • Ракува со телефонската централа.
  • Врши усмен и писмен превод од англиски на македонски јазик и обратно. 
 
Потребно образование:
  • ВСС – Филолошки факултет или Бизнис администрација
 
Потребни квалификации:
  • Одлично познавање на говорен и пишан англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office
 
Вештини:
  • Организациски способности
  • Истакнати комуникациски вештини
  • Фокус кон забележување на детали
  • Тимска работа
 
*Работното  време изнесува 40 часа неделно од 8 до 16 часот
 
 

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги проследат по електронски пат на: aoimk@aointl.com

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 02/03/2025.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на понатамошна постапка за селекција.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Алајанс Уан Македонија се стреми да го промени животот на луѓето и веруваме дека сите ние заеднички можеме да создадеме еден многу подобар свет. Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим, преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.

Согласно законот за заштита на личните податоци, гарантираме дека вашите лични податоци ќе се користат само за целите на процесот на регрутирање и ќе се третираат со најголема доверливост. Со Вашата апликација, се согласувате за обработката на Вашите лични податоци.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде