Vrabotuvanje.com - Стручен/на работник/чка за поддршка на згрижувачки семејства – Струмица - Струмица - СОС ДЕТСКО СЕЛО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Стручен/на работник/чка за поддршка на згрижувачки семејства – Струмица

Струмица

Рок за пријавување:

  • СОС ДЕТСКО СЕЛО

СОС Детско село е дел од големото семејство на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. СОС Детско село делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.

СОС Детско село неодамна започна со спроведување на лиценцирана услуга за поддршка на згрижувачки семејства во Струмица, преку канцеларијата во рамки на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства.

Центарот за поддршка на згрижувачки семејства нуди услуги на стручна помош и поддршка преку проценка, подготовка и обука на идни згрижувачки семејства, промоција, следење и предлози за унапредување на услугата згрижување во згрижувачко семејство .

Центарот за поддршка на згрижувачки семејства дава континуирана поддршка на постоечки згрижувачки семејства за нивен професионален развој и обезбедување на квалитетна грижа за згрижените корисници.

За реализација на активностите во рамки на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства се огласува слободна позиција за 1 работно место:

СТРУЧЕН/НА работник/чка за поддршка на згрижувачки семејства - Струмица

 

Секое дете расте во семејство, опкружено со љубов, почитување и чувство на сигурност.

Ние создаваме семејства за децата во ризик, им помагаме да ја изградат својата иднина и придонесуваме за развојот на заедниците.

СОС Детско село Северна Македонија го проширува својот тим во канцеларијата во Струмица (1 позиција)

Имаме потреба од социјален/на работник/чка, психолог, педагог или специјален/на едукатор/ка - рехабилитатор/ка што ќе работи како поддршка на згрижувачките семејства.

Клучни одговорности: 

  • Учество во проценка на кандидатите за згрижувачко семејство и спроведување на советувања согласно проценети потреби;
  • Редовен увид на спроведување на стандардите за задоволување на потребите на корисникот во згрижувачко семејство;  
  • Одржување редовна комуникација со згрижувачките семејства и координирање на мрежата за поддршка за згрижувачките семејства;  
  • Одржување на редовна комуникација со Центрите за социјална работа за потребите на згрижувачките семејства, старателот и водителот на случај за сместен корисник;
  • Води имплементација на Политиката за обезбедување безбедност на деца и млади.  

Што е потребно?

  • Високо образование во областа на социјална работа и политика (опционално: психолог, педагог, специјален/на едукатор/ка – рехабилитатор/ка); 
  • Работно искуство во областа на заштита на деца (социјална заштита);  
  • Познавање на законска регулатива за социјална заштита и семејство;  
  • Познавања на детските права; 
  • Активно познавање на работа на компјутер;
  • Возачка дозвола Б категорија (активен возач);
  • Добри комуникациски и организациски вештини;
  • Проактивен пристап кон работата, прецизност, аналитичност;
  • Способност за самостојна и тимска работа.

Услови за работа:

  • Работа на неопределено време (прв договор во траење од 1 година, со можност за продолжување)
  • Континуирани можности за професионален и личен развој (обуки за професионален развој, тим билдинг)

Ве молиме испратете професионална биографија најдоцна до 03.03.2025 година, на следниот ЛИНК

Доколку сте подготвени да направите разлика во животот на децата и да придонесете за безбедна и негувачка средина, ве покануваме да се придружите на нашиот посветен тим. Заедно, да изградиме иднина каде секое дете ќе биде заштитено и ќе може да напредува. 

Аплицирајте за да бидете витален дел од СОС Детските села и да помогнете во обликувањето на посветла иднина за децата и младите! 

 

Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Грижа (за деца, за постари лица...) изнесува 16.702 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде