ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.
Финансиското друштво М Кеш Македонија е финансиска институција, дел од Management Financial Group (MFG), која обезбедува финансиски услуги во Бугарија, Украина, Романија, Чешка,Шпанија и Македонија. Тимот на компанијата вклучува млади, креативни и амбициозни вработени со основна цел да развие ефикасна, ефективна, динамична и модерна работна околина.
Во врска со проширувањето на активностите на компанијата, сакаме да вработиме амбициозни, снаодливи и одговорни вработени на позиција:
ОПЕРАТОР ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР - ФИН КРЕДИТ
Работни задачи и одговорности:
- Контактирање на постоечки и нови клиенти со цел информирање, промовирање и продажба на актуелни понуди и продукти на компанијата,
- Одговарање на влезни повици од клиентите по различни основи,
- Контактирање на клиенти заради прибирање дополнителни податоци или документи,
- Aдминистрирање на добиените информации во базата на податоци,
- Грижа за клиентите,
Потребни квалификации и вештини:
- Работни искуство во контакт центар ќе се смета за предност,
- Добра дикција и интонација на глас,
- Поседување одлични продажни и комуникациски вештини,
- Способност за индивидуална работа и работа во тим,
- Организираност и одговорност во работењето,
Ние нудиме:
- Компетитивна плата,
- Бонусирање според политиките на компанијата,
- Отворени можности за дополнителна заработка,
- Можност за внатрешни и надворешни обуки,
- Конференции и други активности
- Можност за континуиран кариерен развој
- Работа во брзо растечка компанија која нуди индивидален раст и развој на своите вработени,
- Динамична и пријатна работна атмосфера со тим од професионалци,
- Приватно здравствено осигурување,
- Ваучер за склучен брак,
- Ваучер за родено дете,
- Слободен ден за прваче,
- Училишен сет за дечињата на вработените,
- Тим билдинг и други активности кои допринесуваат за сплотување на тимот и засилување на тимскиот дух,
- Општествено одговорни иницијативи
Доколку сакате да работи во динамична средина со тим од професионалци испратете го вашето CV или мотивационо писмо преку Брзата Апликација.
