Слаткар/ка
Скопје
Рок за пријавување:
- Hilton Hotels
Во Хилтон веруваме дека угостителството не е само професија. Тоа е патување кое води до личен развој, раст и откривање на разни заедници и култури. Нашиот тим го сочинуваат извонредни професионалци кои заедно работат да овозможат исклучителни искуства за секој наш гостин.
По патот на кој поставуваме стандарди во хотелиерството, нашата визија „да го згрееме светот со топлината на гостопримството“ постојано не мотивира. Ние нудиме многу повеќе од соба за ноќевање.
Ние создаваме незаборавни искуства за нашите гости, значајни можности за нашите вработени и позитивно влијаеме во заедницата од која сме дел.
Ако сакате да се придружите на нашето големо семејство, имаме отворени позиции за Вас.
DoubleTree by Hilton Skopje врaботува:
Слаткар/ка
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Завршено средно образование
- Претходно работно искуство во угостителски објекти како слаткар/ка
- Креативност и умешност за декорација
ЛИЧЕН ПРОФИЛ:
- Вредна и енергична личност
- Самоиницијативност и посветеност на работата
- Способност за тимска работа и работа под притисок
Работниот процес е организиран во две смени, 40 работни часа неделно. Компанијата нуди редовни месечни примања, сите додатоци на плата, регрес за годишен одмор, загарантирани денови годишен одмор согласно закон и топол оброк за сите вработени.
Сите заинтересирани кандидати може да достават CV преку полето Брза Апликација. Само оние кандидати кои ги исполнуваат наведените услови ќе бидат поканети на интервју.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!