Vrabotuvanje.com - Шпедитерски техничар – Административен службеник - Подружница Прилеп - Прилеп - ДЕНИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Шпедитерски техничар – Административен службеник - Подружница Прилеп

Прилеп

Рок за пријавување:

  • ДЕНИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ

За нас

Денес во компанијата се вработени повеќе од 280 лица кои се професионално обучени за извршување на своите задачи и добро координирани со цел потребите на нашите клиенти да бидат во целост задоволени. Со текот на времето фирмата прераснува во целосно екипирана и професионална компанија за меѓународен транспорт. Возниот парк во сопственост на компанијата и бројот на вработени во континуитет се зголемува.

Стратешките цели на Дени Интернационал се насочени кон зголемување на профитот, континуиран раст и развој на организацијата и проширување на дејноста во соседните држави. Сето ова не прави стабилен и доверлив партнер ориентиран кон долгорочна соработка. Возниот парк во сопственост на Дени Интернационал се состои од 90 товарни возила наменети за меѓународен транспорт и локална дистрибуција, сите опремени за транспорт на различни видови роба (палетизирана / непалетизирана, опасни материи – АДР, итн.).

Шпедитерски техничар – Административен службеник

ДМТШ Дени Интернационал има потреба од вработување шпедитерски техничар-административен службеник со или без работно искуство во подружница Прилеп.

Услови кои треба кандидатите да ги исполнуваат:

  • Завршено средно образование
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност
  • Познавање на Англиски јазик
  • Познавање на Microsoft Office
  • Возачка дозвола Б категорија

Работни задачи:

  • Познавање и изработка на документација поврзана со увозот и извозот на стоки
  • Транзитни декларации и збирни декларации
  • Вршење на преглед за стоки кои подлежат на контрола од надлежните органи
  • Достава на документација до надлежните органи
  • Достава на документација до клиенти

Заинтересираните кандидати своите податоци да ги испратат преку полето Брза Апликација.

 
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде