
Office People Ltd е меѓународна компанија за регрутација која обезбедува иновативни HR услуги и решенија. Нашата мисија е јасна: ги поврзуваме вистинските луѓе со вистинските можности.
За потребите на наш клиент лоциран во Скопје, бараме
МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК ЗА ПРОДАЖБА
- Посета и градење професионални релации со општи лекари, специјалисти, интернисти и фармацевти.
- Промоција и презентација на медицински производи со цел зголемување на продажбата.
- Управување со клиентите: подготовка на понуди, фактурирање, следење на наплата и сл.
- Активна работа на терен низ цела Македонија.
- Анализа на пазарот, идентификување можности за раст и предлагање стратегии за развој.
- Проширување на клиентската база и градење долгорочни партнерства.
- Развој и имплементација на бренд стратегии.
- Следење и анализа на податоците и условите од пазарот за идентификување конкурентна предност.
Потребни квалификации за работното место:
- Диплома по фармација е задолжителна
- Работно искуство како медицински претставник или во продажба на медицински производи и опремa
- Валидна возачка дозвола Б категорија
- Познавање на англиски јазик (говорна и пишана форма)
- Познавање на компјутерски програми во MS Office, Windows
Работно време:
- Понеделник-Петок 8:00-16:00 или по договор
Како да аплицирате:
- Аплицирајте преку брза апликација
- Аплицирајте со испраќање на вашето CV на ivana.nikolovska@office-people.rs
- Аплицирајте со јавување на 070 213 435