СТРУЧЕН СОРАБОТНИК - 2-ца Извршители
Регион: Западна Македонија; Југ/Југозападна Македонија
Ви нудиме работна атмосфера каде секое достигнување се проценува индивидуално и нуди можност за развoj vo кариерата.
Ако сте со изразени аналитички способности, одговорни, желни за понатамошно стручно усовршување и стекнување на знаења од областа, пријавете се на огласот за работно место.
Потребни квалификации:
- VII-1 степен на стручна подготовка : Фармацевтски , Медицински, или Стоматолошки факултет
- Со или без работно искуство во промоција на фармацевтски производи
Опис на работата:
- Секојдневна посета на лекари и фармацевти
- Промоција и презентација на производите од палетата на Босналијек
- Имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели
- Редовни извештаи од теренската работа, работа со ЦРМ.
- Следење на фармацевтскиот пазар
- Учество и организирање на стручни и едукативни собири
Потребни вештини и способности:
- Одлични комуникациски и презентациски способности
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
- Флексибилност и способност за тимско работење
- Активност во согласност со етичките кодекси и националните закони
- Активно познавање на англиски јаѕик
- Одлично познавање на MS Office
- Возачка дозвола Б категорија
Ние нудиме:
- Возило, лаптоп, и други алатки за работа
- Континуирана едукација, индивидуално и стимулативно вреднување
Доколку ги исполнувате наведените критериуми и сте заинтересирани за работа во реномирана фармацевтска компанија, Ви нудиме одлични услови за работа, континуирана едукација како и можност за искажување на вашите професионални способности.
Ве молиме Вашето CV да го доставите најдоцна до 28.02.2025 год. преку полето Брза Апликација.