Vrabotuvanje.com - Магационер - Скопје - ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ Скопје
  • Адреса: ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ 3/3/к.3012, 1000 Скопје

Зад секоја успешна компанија стои силен тим. ФМС ДООЕЛ претставува млада компанија со просперитетен тим кој професионално пристапува и одговара на сите предизвици.

Секој од нас е специјалист во своето поле на работа и е посветен на потребите и барањата на клиентите. Компанија ориентирана кон изнаоѓање решенија, со единствена цел – да обезбеди квалитет со висок степен на економска оправданост.

Имајќи го предвид нашето разбирање за моќта на тимот, работиме заедно кон постигнување на нашите цели и заеднички ги прославуваме нашите успеси. Ако барате стабилност, професионален раст, долгорочна кариера и технолошки предизвици во успешни компании дојдете и придружете ни се уште денес!

ФМС ДООЕЛ објавува оглас за вработување на професионални кадри од областа:

МАГАЦИОНЕР
 

Опис на работата:

  • Врши издавање и прием на стока на основа на испратници, повратници или други документи;
  • Врши внес (Физички) и складирање на примената стока;
  • Подготвува роба по претходно добиени налози;
  • Врши утовар/истовар на роба која се спрема за дистрибуција;
  • Одржување на хигиена, уредност и дисциплина во магацин;


Потребни квалификации:

  • Поседување на возачка дозвола Б категорија;
  • Диплома од средно стручно или гимназиско образование.
  • Работно искуство ќе се смета за предност;
  • Работа на програм за магацинско работење ќе се смета за предност.


Вештини и способности:

  • Координација со колегите;
  • Добри комуникациски и организациски способности;
  • Уредност и педантност при работењето со целокупната документација;
  • Фокус на детали;
  • Висок степен на одговорност и иницијатива во работењето;


Што нудиме:

  • Мотивирачка атмосфера и плата по договор;
  • Полно работно време од пон-пет 07:30-15:30;
  • Колективно осигурување од несреќа;
  • Платени дополнителни часови прекувремено;
  • Платен годишен одмор;
  • Можност за напредување во кариера.
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака на апликацијата Магационер.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде