МОТОЦЕНТАР е реномирана компанија која е основана во 1994 г. и денеска брои околу 200 вработени, таа e синоним за квалитет во продажбата и монтажа на пневматици од светски познати брендови.
Мисијата на МОТОЦЕНТАР е да оствари квалитетно долгорочно партнерство со бизнис партнерите, соработниците, вработените, клиентите. Наша цел е задоволување на потребите на клиентите со високо квалитетни пневматици од светски познати брендови и достапни цени.
Со својата експертиза, искуство и професионализам, како и тимот од млади, обучени и добро подготвени луѓе сме подготвени да понудиме решение на секој проблем и предизвик што клиентите го имаат.Креираме и поддржуваме култура во која секој вработен е ценет и создаваме можности за кариерен раст и развој. Повеќе информации на: www.motocentar.com.mk
МОТОЦЕНТАР вработува:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ - Западен регион
(Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Дебар и Охрид)
Дали си личност која е ориентирана кон продажба, остварување на резултати, со одлични комуникациски способности, енергична и амбициозна?
Ако одговорот е ДА, тогаш Мотоцентар - лидер во својата индустрија, те очекува во својот тим!
Кои ќе бидат твоите одговорности:
- Идентификување на потенцијални клиенти во индустријата;
- Истражување на пазарот за да се детектираат потребите на клиентите;
- Развивање и имплементирање на продажни стратегии за да се постигнат продажните цели и да се прошири базата на клиенти;
- Градење и одржување силни односи со постоечките, како и потенцијалните клиенти;
- Подготовка на извештаи за продажба и прогнозирање натамошен тек на продажните активности
- Извршување на теренска работа, регион Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Дебар и Охрид
Потребни квалификации и вештини:
- Средно или високо образование
- Работно искуство во продажба минимум 3 години
- Познавање на Албански јазик
- Одлични комуникациски вештини
- Ориентираност кон резултати и добри организациски способности
- Одлично продажни и преговарачки вештини
Зошто да работиш во нашиот тим?
Одличен тим
- работа во стабилна компанија
- позитивна и динамична работна атмосфера
- можност за интерен кариерен развој
Одлична плата & бонуси
- атрактивна и фер плата
- месечни бонуси
- бонус за препорачан пријател
- бонус за добредојде
- службено возило
Поволности за вработените
- Team building активности
- подарок за роденден
Пожелно е кандидатите да се со место на живеење во Тетово, Гостивар или Кичево
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават CV преку полето Брза Апликација
и контакт телефон: 070/289 627
не подоцна од 15.03.2025