Хемометал ДОО Битола е основана во 1990 год, со седиште во Кравари, Битола. Главна и основна дејност на Компанијата е продажба на трактори , земјоделска механизација , опрема за фарми, опрема за наводнување , ситна механизација , резервни делови и сите машини потребни за развој на аграрот
Наши клиенти се Индивидуални земјоделци , фирми , преработувачи , откупувачи на земјоделски производи.
Нашата Компанија брои 5 подружници, главната и најголемата подружница е во Битола , а со нашите продавници во Прилеп, Скопје, Свети Николе , Облешево како и дилери кои ја продаваат нашата палета ја покриваме територијата на нашата држава. Хемометал е лидер во продажба на трактори и земјоделска механизација и е генерален дистрибутер на ZETOR трактори од Чешка, SOLIS трактори од Индија, FERRARI трактори од Италија и HATTAT трактори од Турција. Исто така Хемометал е претставник на голем број светски познати брендови во областа на земјоделитето и опрема од цела Европа, Турција , Индија
Хемометал е целосно опремена со резервни делови за опремата што се нуди и професионален и добро обучен тим од инжинери и техничари. Нашите технички експерти поседуваат сертификати за завршени обуки во сервисните тренинг центри на сите фабрики со кои соработуваме.
Нашиот стручен тим стои на располагање за совети, изработка на деловни планови за Рурални и Ипард програми
Претставник за продажба на продажно место
Опис на работно место: Организација во продавница, нарачка на резервни делови , комуникација со клиенти, продавање машини, трактори,
Локација: Подружница Кравари, Битола
Потребни квалификации:
- не е потребно високо образование
- Потребно е искуство од земјоделски машини и трактори
Професионални способности:
- Проактивност и одговорност,
- Способност за организација,
- Тимска работа
- Комуникација
Плата од 30.000-40.000 ден
Сите заинтересирани да испратат свое CV преку полето Брза Апликација