Алајанс Уан Македонија АД, Кавадарци е консолидирана филијала на Алајанс Уан Интернешенал во состав на холдинг компанијата Пиксус Интернешенал со седиште во Морисвил, Северна Каролина, САД. Алајанс Уан Македонија АД се занимава со откуп, обработка и промет на ориентален тутун во лист.
Една од главните цели на компанијата низ децениското присуство на македонскиот пазар е да го промовира квалитетниот македонски ориентален тутун како основна состојка на најпознатите светски брендови на цигари и други тутунски производи.
Алајанс Уан Македонија АД, Кавадарци објавува оглас за вработување на еден извршител на определено време од една година на следното работно место:
Администратор за човечки ресурси
- Ги организира сите активности при засновање и престанок на работен однос и изготвува соодветни документи.
- Ја води персоналната евиденција за вработените од областа на работните односи.
- Изготвува документи за остварување на права на вработените пред надлежни органи.
- Ја ажурира евиденцијата за присуство на вработените за пресметка на плата.
- Диплома од релевантна област (менаџмент на човечки ресурси, правни науки, бизнис администрација или слично).
- Претходно работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност.
- Одлично познавање на говорен и пишан англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office
- Организациски способности
- Истакнати комуникациски вештини
- Фокус кон забележување на детали
- Тимска работа
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги проследат по електронски пат на: aoimk@aointl.com
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 09/03/2025
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на понатамошна постапка за селекција.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Алајанс Уан Македонија се стреми да го промени животот на луѓето и веруваме дека сите ние заеднички можеме да создадеме еден многу подобар свет. Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим, преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.
Согласно законот за заштита на личните податоци, гарантираме дека вашите лични податоци ќе се користат само за целите на процесот на регрутирање и ќе се третираат со најголема доверливост. Со Вашата апликација, се согласувате за обработката на Вашите лични податоци.