„Мојата Активност“ е списание кое се печати два пати во годината, истото е од економски карактер и покрива голем број на индустрии и тематики. Нашата мисија е да обезбедиме квалитетна и привлечна содржина што ќе ги заинтересира професионалците, експертите и ентузијастите од повеќе области.
CONTENT WRITER / УРЕДНИК
Опис на работата и одговорности:
Бараме искусни и информирани соработници да се приклучат на нашиот тим на уредници. Како соработник, ќе имате можност да пишувате интересни и релевантни содржини на една или повеќе од следниве теми:
- Авто-мото и транспорт
- Градежништво и недвижен имот
- Индустрија и занаетчиство
- Култура, уметност и образование
- Убавина и грижа
- Земјоделство
- Право и финансии
- Спорт и рекреација
- Технологија и Интернет
- Трговија и услуги
- Туризам и угостителство
- Институции и организации
- Здравје и медицина
Главни обврски:
- Обезбедување уникатни увиди и детална анализа на релевантни содржини за читателите на списанието.
- Истражување и пишување квалитетни статии и содржини на различни теми.
- Прилагодување на содржината врз основа на повратни информации од уредникот.
- Потребни квалификации:
- Одлични вештини за пишување и комуникација.
- Образование од областа на економија, новинарство или релевантни индустрии ќе се смета за предност.
- Способност да се спроведе темелна анализа и истражување.
- Искуство во пишување или објавување.
- Независно работење и способност за запазување на рокови.
- Доколку сте заинтересирани за соработка со списанието- „Мојата Активност“, би сакале да дознаеме повеќе за вас, вашето претходно искуство и идеи.
Доколку ги исполнувате горенаведените услови, ве покануваме да се пријавите со испраќање на вашата биографија (CV) преку полето Брза Апликација!