Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ЕКСПАНДА ДООЕЛ
Експанда ДООЕЛ е водечка дистрибутерска компанија во Македонија. Нашиот успешен тим е составен од вработени кои имаат знаења, вештини и тежнеат кон тимската работа па со своите резултати поставуваат високи стандарди во компанијата.
Во моментот бараме позитивни и мотивирани кандидати кои би се приклучиле на нашиот продажен тим во ЕХП Тобако во Скопје City Mall.
Доколку сте подготвени за предизвици и работа во средина која постојано напредува и барате можност да ги развивате сопствените професионални знаења и вештини, пријавете се за позицијата:
Работно место: ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ
Локација: Скопје City Mall
Како Продажен Асистент ќе бидете одговорни за:
Продажба на целокупното портфолио на производи;
Изложување и редење на производите;
Работа со фискална каса и издавање на фискални сметки;
Грижа за уреден изглед на Тобакото.
Доколку сте:
Комуникативни, љубезни и енергични;
Тимски ориентирани со желба за работа во динамична средина;
Одговорни, самоиницијативни и проактивни;
Лојални и чесни.
И поседувате:
Минимално ниво на образование: ССС;
Основно познавање англиски јазик;
Одлични комуникациски и продажни вештини;
Висок личен интегритет и деловна култура.
Ние ви нудиме:
Нето месечна заработка до 35.000 денари;
Слободен ден за роденден;
Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата;
Работно време 40 часа неделно, во смени.
Пријавете се со праќање на вашата лична биографија преку полето Брза Апликација
Рок за доставување пријави e до 16.03.2025 година.
Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти.