Vrabotuvanje.com - Директор за техничка инспекција за садови под притисок, заварување, лифтови и безбедност и здравје при работа - Скопје - Т-ЦЕРТ СИСТЕМ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Директор за техничка инспекција за садови под притисок, заварување, лифтови и безбедност и здравје при работа

Скопје

Рок за пријавување:

  • Т-ЦЕРТ СИСТЕМ ДООЕЛ
  • Адреса: 1000 Скопје

T-ЦЕРТ СИСТЕМ ДООЕЛ е компанија со седиште во Скопје, Македонија која работи 17 години на македонскиот пазар и делува на територијата на Р. Македонија и регионот на ЈугоИсточна Европа. Во соработка со бизнис партнерот TÜV NORD од Германија, нуди најголем дел од услугите од делокругот на TÜV NORD, главно со македонски експерти со сите овластувања на TÜV NORD. TÜV NORD им помага на компаниите - клиенти со: аудити, сертификација на системи за управување (ISO Стандарди), техничка инспекција, сертификација на персонал, сертификација на производи, како и IT сертификација, информациска безбедност, автомобилска, индустрија, итн.

За своите потреби за развој Т-ЦЕРТ СИСТЕМ бара:

ДИРЕКТОР ЗА ТЕХНИЧКА ИНСПЕКЦИЈА ЗА САДОВИ ПОД ПРИТИСОК, ЗАВАРУВАЊЕ, ЛИФТОВИ И БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

Очекувани квалификации, потребни знаења и способности:

  • Завршено високо образование,
  • Претходно работно искуство минимум 5 години искуство во областа на техничка инспекција за садови под притисок, техничка инспекција за заварување, техничка инспекција за лифтови и стручни работи од областа на безбедноста и здравјето при работа,
  • Искуство во преговарање, продажба и комуникација со клиенти,
  • Поседување на возачка Б категорија,
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик (говорен и пишан),
  • Напредни комуникациски, организациски и планирачки способности,
  • Искуство во менаџирање на персонал или тимови,
  • Вештини за пишување и интерперсонална комуникација, решавање на конфликти за справување со клиенти,
  • Способност за следење на процедури за работа,
  • Стабилна, одговорна и лојална личност.

Одговорност и задачи:

  • Вопоставување и менаџирање на инсепкциско тело за горенаведените активности,
  • Менаџирање со персонал, екипирање и организација на работата,
  • Пронаоѓање на клиенти за техничка инспекција и БЗР,
  • Одговорност и уредност во извршување на секојдневните обврски,
  • Организираност и способност за истовремена работа на повеќе задачи,
  • Способност за тимско и индивидуално работење,
  • Професионалност и комуникативност,
  • Промовирање на услуги на компанијата, преку директна комуникација со корисници и преку присуство на настани,
  • Стратешко планирање и менаџирање на дејностите поврзани со техничка инспекција за садови под притисок, заварување, лифтови и безбедност и здравје при работа,
  • Супервизија и менаџирање на тимот.

Компанијата нуди:

  • Почетна атрактивна плата и партнерски однос,
  • Континуирани проценти и бонуси според договореното,
  • Атрактивна и динамична работа со одлучни услови за работа,
  • Стабилна работа во компанија со странско претставништво, во конкурентна, позитивна и динамична средина и одличен финансиски надомест, со потенцијал за голем раст и развој,
  • Спроведување на континуирани обуки дома и во странство, континуирани годишни евалуации на надоместоците поврзани со перформансите,
  • Можност за надоградба на професионален план,

Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата Биографија на  zsmilevska@t-cert.mk, или за дополнителни потребни информации јавете се на 070 399 457 од 08:00 до 16:00 секој работен ден.

Апликациите ќе се прифаќаат до 11.03.2025.

Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани. Сите кандидати кои не ги исполнуваат горенаведените услови нема да бидат разгледувани.

Ви благодариме за вашиот интерес.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде