Групацијата LIBERTY Steel Group, како дел од GFG Alliance, е глобална компанија за челик и рударство со над 30.000 вработени на повеќе од 200 локации на четири континенти. Тоа е меѓународен бизнис со интегрирана понуда - од производство на течен челик направен од суровини и рециклирани материјали до челици со голема прецизност и придружни услуги, достапни за клиенти ширум светот.

Либерти Скопје, како дел од Либерти Стил Групацијата, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани, поцинкувани и пластифицирани производи, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. Ние веруваме дека нашата позиција во челичната и рударската индустрија носи уникатни можности.
За потребите на нашето производство, односно оддел Контрола на квалитет, ги покануваме сите заинтересирани лица да аплицираат за следната позиција:
Клучни одговорности:
- Извршување анализа на:
- гасови и примена на раствори
- емулзија и масло и припремање на соодветни раствори
- хемиски состав на када со цинк и припрема на раствори и стандардна крива
- киселина и припрема на раствори
- Испитување на:
- слободен амонијак
- концентрација на циркониум од кади за хемиски третман
- боја, прајмер и лак за задна страна при прием на бои и потврдување квалитативен прием
- Пропишување режим за употреба и третман на обложни средства
- Припремање раствор за употреба во погонска лабараторија
- Изготвување извештај и резултати од испитувањата и анализа
- Вршење дополнителни хемиски анализи
- Вршење замена на раствори за расположливите инструментни апарати и припрема
- Контролирање и прионување на обложни средства – бои, лакови и дебелина
- Изготвување извештај од извршени контроли, испитувања и тестирања за секој производ
- Интервенирање при појава на неквалитет и неусогласен производ.
Личен профил:
- Средно стручно образование
- Хемиски техничар
- Работно искуство во обаста е пожелно
- Можност за работа во 2 смени
- Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа
Што нудиме:
- Приватно здравствено осигурување
- Обезбеден оброк во менза
- Исплата на регрес за годишен одмор
Доколку барате можност за работа на предизвикувачки проекти, со цел да влијаете на бизнисот на позитивен начин, Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија - CV преку полето Брза апликација.