Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
БОМИ 10 ЛОГИСТИК ДООЕЛ
БОМИ 10 ЛОГИСТИК е една од водечките логистички компании во Македонија која обезбедува интегрирани решенија во полето на транспорт, логистика, шпедиција, складирање и дистибуција на стока. Компанија која се заснова на историја долга повеќе од три децении денес е препознатлив бренд на пазарот по услугите за транспорт и логистика на меѓународно и локално ниво. Секторите за интегрирана логистика ја издигнуваат како еден од лидерите во логистичката дејност. Располага со 60 транспортни возила и 10 доставни возила, кои претежно се на релација од Балканот до Западна Европа и обратно. Во рамките на компанијата функционира Шпедитерско одделение со повеќе лиценцирани шпедитери. Покрај тоа функционираат царински магацини во Скопје-Јавен Цариски Склад (ЈЦС БАРД ЛОГИСТИК) и Куманово (БОМИ 10 ЛОГИСТИК) во непосредна близина на царинскиот терминал, достапен 24 часа, 7 дена во неделата вклучувајќи викенди и празници. Боми 10 Логистик од страна на клиентите се рангира како една од врвните логистички компании во државата и сигурен партнер за глобалните логистички компании.
Поради зголемен обем на работа Боми 10 логистик – компанија за транспорт има потреба од проширување на својот тип. Отворена е следнава работна позиција:
ЛИЦЕНЦИРАН ЦАРИНСКИ ДЕКЛАРАНТ (2 извршители)
Работни обврски:
Изработка на Царински декларации за увозно и извозно царинење за сите предвидени постапки
Одредување на тарифни кодови за стоки во царинска постапка
Познавање и практикување на царинските прописи
Следење на релевантните промени во царинскот закон и примена на истите
Професионален однос со клиентите, царинските службеници и останатите колеги во компанијата
Информирање на клиентите за процесот на царинење на нивните пратки
Процесирање на барања и дозволи во електронскиот систем на дозволи EXIM
Изработување на останати документи поврзани со постапките за царинење на пратките
Придржување кон прописите, процедурите и процесот на работа во Боми 10 Логистик.
Квалификации:
Најмалку завршено средно образование
Поседување на Лиценца за царинско посредување
Претходно работно искуство од најмалку 1 година на иста позиција
Англиски јазик – не е задолжително но ке се смета за предност
Познавање и примена на MS office (xls, word, power point)
Познавање на Еурека/Каспер оперативен систем за изработка на Царинските декларации.
Одлично познавање на SOCDAD и EXIM
Возачка дозвола од Б категорија
Профил на кандидатот:
Одлични комуникациски вештини, доверливост, и способност за работа во тим во динамични услови
Способност за решавање на проблеми, и ориентираност кон резултати
Способност за работа под временски притисок за која се бара високо ниво на експедитивност и ефикасност
Способност и желба за учење и понатамошно развивање
Услови од компанијата:
Одлична работна атмосфера, солидни и стабилни приходи, со можност за напредување и развој на кариерата
Дневното работно време од 8 часа, во период од 08:30 до 16:30 часот од Понеделник до Петок но и одредени дежурства во Сабота согласно распоред
Доколку сте заинтересирани за работното место, Ве молиме доставете ја вашата биографија преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака “за оглас за Царински декларант“.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.