Маркетинг специјалист
Скопје
Рок за пријавување:
- Mozzart
Како најголем приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, повеќе од две децении одговорно ја градиме нашата репутација. Нашите почетоци се во 2001 година, со седиште во Белград, за подоцна да ја прошириме работата на уште 10 пазари. Со повеќе од 1.200 работни места и над 5.500 вработени, ние сме апсолутен регионален лидер во оваа индустрија. Посветени сме на развивање и негување на стручноста на нашите вработени, а истовремено се грижиме за напредокот во кариерата. Постојано го подобруваме нашето работење и услуги, следејќи го напредокот во технологијата и поттикнувајќи ги иновациите. Со општествено одговорна работа и грижа за вработените, внимателно изградивме репутација на најпосакуван работодавач.
За нашата регионална дирекција во Скопје потребен ни е
МАРКЕТИНГ СПЕЦИЈАЛИСТ
Основни должности:
- Одговорен за темелно познавање на актуелни понуди и промоции кои ги нуди компанијата за своите корисници на услуги
- Учествo во изработка и активно следење на маркетинг плановите и оптимизација во соработка со другите служби.
- Унапредување на промотивната содржина на компанијата, согласно современите трендови и актуелности во областа.
- Организација, присуство и контрола на промоции и настани од различен тип на уплатните места и автомат клубовите, како и outdoor промоции
- Активности за организација, следење и реализација на наградни игри, натпревари и други промотивни кампањи и акции
- Присуство на спортски и промотивни настани кои придонесуваат за позитивна репутација на компанијата и привлекување нови корисници
- Комуникација со надворешни соработници, договарање и организација на заеднички настани
- Навремено и детално запознавање со сите актуелни понуди/промоции кои ги нуди компанијата на своите корисници
- Спроведување промотивни активности во други градови каде делува компанијата со цел нејзино промовирање
- Спроведување на активности поврзани за тематски настани на уплатни места и автомат клубови
- Изработка на потребни извештаи за својата работа
Услови:
- Формално образование: IV степен стручна подготовка
- Потребно искуство: Минимум две години работно искуство на иста или слична позиција
- Дополнителни знаења и вештини: познавање на работа со компјутери, пожелно е познавање на англиски јазик, пожелно е познавање на барањата и навиките на играчите, комуникативност, преговарачки вештини, одговорност, лојалност, кооперативност, тимска работа
- Возачка дозвола Б катерорија (активен возач)
Компанијата нуди:
- Динамична и позитивна работна средина;
- Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
- Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
- Работна недела од 38 часа
- Спортско рекреативни бенефиции- Спортмастер програма
- Награди за најдобрите вработени
- Дополнителни денови од годишен одмор
Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV да гo испратите на e-маил job@mozzartbet.mk. Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате. Краен рок за поднесување на пријавите е 14.03.2025 година.
Ви благодариме на сите кои аплициравте на огласот. Воедно, би сакале да Ве известиме дека ќе бидат контактирани само оние кандидати со кои ќе го започнеме процесот на селекција. Во случај да не бидете контактирани, Ви препорачуваме да продолжите да ги следите нашите огласи и да бидете во тек со отворените позиции.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!