Кроација осигурување АД - Друштво за неживотно осигурување Скопје, се развива како лидер на осигурителниот пазар и партнер на своите клиенти, препознатлив по посветеноста и врвната услуга. Поради проширување на нашиот тим во Службата за прием на осигурување, имаме потреба од:
Соработник за развој на продукти и преземање на ризик (осигурување на лица од незгода и приватно здравствено осигурување)
Во Службата за Прием во осигурување, Дирекција, Град - Скопје
- Високо образование (правници, медицински лица и економисти);
- Работно искуство во осигурување (искуство во областа на преземање на ризици или проценка и ликвидација на штети, работа во медицински установи ќе се смета за предност);
- Задолжително солидно познавање на англиски јазик и работа со компјутери (MC office );
- Способност за тимска работа;
- Флексибилност за работа во динамична средина;
- Способност за работа под притисок и професионално одлучување;
- Целосна посветеност на работните задачи;
- Висока работна етика, соработка, одговорност и лојалност.
- Изготвување на понуди и одобрување на договори за осигурување;
- Анализа на постојно портфолио на клиенти и предлагање на услови за продолжување на договорите за осигурување;
- Проверка на апликации (медицинска документација) и комуникација со доктор - цензор
- Следење на осигурителниот пазар и имплементација на нови продукти во координација со останатите сектори и мајката компанија
- Останати активности по налог на непосредниот раководител
“ Добро е да си во CROATIA”
- Вработување на полно работно време
- Почетна плата (во зависност од искуство)
- Одлична можност за професинален развој, обука и стручна надградба во рамките на компанијата и групацијата;
- Работа во осигурителна компанија со позитивна, модерна и пријатна работна средина.
- Работа со искусни преземачи на ризик
- CV – Лична Биографија
Кандидатите кои ги исполнуваат условите, апликациите преку полето Брза Апликација со рок до 15.03.2025 година и со назнака – ,,ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА Соработник за развој на продукти и преземање на ризик”.
Оние кандидати чии квалификации ги исполнуваат барањата и потребите на компанијата, телефонски или по електроски пат ќе бидат повикани на разговор.
Со испраќање на апликација за вработување, апликантите се согласни своите лични податоци да се користат за намена на предметниот Оглас за вработување.
Со аплицирањето, вие станувате дел од нашата база на податоци, доколку во самата апликација не го наведете спротивното.