Врати се
ВДЛ ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА
ВДЛ ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА
ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата. Денес повеќе од 1300 вработени работат во фабриката со површина од 78.000 м2, произведувајќи автобуси за пребирливите, со почитување на строгите стандарди и критериуми на европските и северноамериканските пазари. Од самиот почеток постојано вложуваме напори дел од своите вградени компоненти да ги обезбедиме од локални извори. Денес ВДЛ Ван Хоол Македонија е сериозен партнер на повеќе од 20 домашни фирми, а во повеќето од нив самата компанија има вложено во нивното знаење со цел да им помогне да станат добавувачи на врвна светски позната компанија.