
Вработување.ком, за потребите на својот клиент, Финансиско друштво во основање, со фокус на општествено одговорни финансиски услуги, има потреба од квалификуван и мотивиран кандидат/ка за позицијата:
УПРАВИТЕЛ
Делокругот на работа, потребните квалификации и вештини за огласената позиција вклучуваат:
НАДЛЕЖНОСТИ И ОДГОВОРНОСТИ:
Управителот раководи и е извршно одговорен за целокупната работа на финансиското друштво.
Управителот е посебно одговорен за:
Деловни одговорности:
- Планирање и извршување на деловни активности кои вклучуваат општествено одговорно и финансиски одржливо кредитирање
- Идентификација на стратегиски партнери, вклучувајќи социјално мотивирани кредитори
- Тековно/редовно и вонредно известување за резултатите од работата
Финансиски одговорности:
- Потпишување на сметките на финансиското друштво
- Реализација на финансискиот план
- Правилна употреба на средствата на финансиското друштво
- Тековно/редовно и вонредно финансиско известување
Статутарни одговорности:
- Застапување и претставување на финансиското друштво во правниот промет согласно позитивните прописи и актите на друштвото
- Правилна примена на прописите, општите акти, усвоените спогодби и договори
- Спроведување на одлуките на основачите на финансиското друштво
- Управителот е одговорно лице на финанаиското друштво
Управителот одлучува за правата и обврските на вработените во финансиското друштво
Потребни КВАЛИФИКАЦИИ:
- Најмалку високо образование во област економија, менаџмент или финансии
- Најмалку 7 години работно искуство, од кои најмалку 5 години на раководни позиции во финансиски сектор
- Познавање на прописите поврзани со банкарството и финансиите
- Познавање на програмски пакет Microsoft Office, познавање на дигитални алатки за финансиски услуги ќе се смета за предност
- Познавање на англиски јазик
- Услови предвидени со член 9 од Законот за финансиски друштва
ПРЕПОРАЧАНИ ВЕШТИНИ И КВАЛИТЕТИ:
- Стратегиско размислување
- Претприемачки дух и иновативност
- Лидерство и мотивираност
- Способност за финансиско расудување
- Репутација, личен и професионален интегритет
- Способност за градење релации
- Способност за носење одлуки преку соработка
- Ефективно комуницирање
- Агилност и адаптибилност
Од кандидатите кои ги имаат потребните квалификации и поседуваат поголем дел од препорачаните вештини и квалитети, се очекува да приложат:
- Биографија (најмногу 500 зборови)
- Мотивациско писмо (најмногу 300 зборови)
- Визија за развој на финансиското друштво (најмногу 800 зборови), со вклучени:
- Ситуациона анализа на финансискиот пазар во Македонија, вклучувајќи проценка на можностите и ризиците
- Деловни цели на финансиското друштво за период од три години
- Потребни ресурси и начин за нивно обезбедување
Ве покануваме, доколку имате интерес и одговарате на опишаните критериуми за позицијата, да ја испратите вашата апликација преку полето за Брза Апликација.