Vrabotuvanje.com - Келнер/Шанкер, Помошник готвач, Хигиеничар/Собарка и Рецепционер - Струга - МАКПЕТРОЛ АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Келнер/Шанкер, Помошник готвач, Хигиеничар/Собарка и Рецепционер

Струга

Рок за пријавување:

  • МАКПЕТРОЛ АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
  1. О Г Л А С
 
За вработување на персонал во хотел „Макпетрол“ во Струга во Дирекција за внатрешна контрола и безбедност на определено време од 5 (пет) месеци, и тоа:

 

Келнер/Шанкер – 8 работници

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно образование;
  • Работно искуство 1 година;
  • Познавање на странски јазик;
  • Основната нето плата изнесува 30.500 денари.

 

Помошник готвач  – 5 работници

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено основно или повисок степен на образование;
  • Со или без работно искуство;
  • Основната нето плата изнесува 29.000 денари.


Хигиеничар/Собарка – 2 работници

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено основно или повисок степен на образование;
  • Со или без работно искуство;
  • Познавање на странски јазик;
  • Основната нето плата изнесува 28.000 денари.

 

Рецепционер – 2 работници

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
  • Завршено средно образование;
  • Работно искуство 2 години;
  • Познавање на странски јазик;
  • Основната нето плата изнесува 29.500 денари.
 
 
Работното време за горенаведените работни место, се одвива во смени.
 
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
 
Работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

 

Заинтересираните кандидати треба да достават:

Писмо за мотивација;
Кратка биографија; 
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција.
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 
лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532
 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју. 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

 
 

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде