Vrabotuvanje.com - Инженер металург - Скопје - АПАВЕ СЕЕ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Инженер металург

Скопје

Рок за пријавување:

  • АПАВЕ СЕЕ ДООЕЛ
  • Адреса: Фјодор Достоевски 72, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.apave.com

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ИНЖЕНЕР МЕТАЛУРГ

АПАВЕ СЕЕ  е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција и Испитување без разорување во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas/Energy). Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои работат на проекти (техничка инспекција) претежно низ Јужна Америка, Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија. 

АПАВЕ има потреба од Инженер Металург за Северна Америка со следните квалификации:
  • Завршено високо техничко образование или во фаза на завршување на студиите на Технолошко-металуршки факултет (отсек Металургија)
  • Со или без работно искуство
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Високи комуникациски способности и подготвеност за работа надвор од Македонија на подолг временски период
  • Физичка и психичка подготвеност за работа на висина (опционално)
  • Познавање на алатките на Microsoft Office
  • Способност за читање на техничка документација и стандарди
  • Способност за самостојна работа и работа во тим
  • Одговорност и посветеност на работата
  • Самоиницијативност и подготвеност за учење
Одговорности на работната позиција:
 
Инженер металург за материјали со седиште во нашата канцеларија во Хјустон со конкурентна плата. Успешниот кандидат ќе биде вклучен во извршување на лабораториски и теренски задачи според барањата на клиентот. Ова вклучува извршување на задачи кои се однесуваат на процесот на анализа на неуспех кај материјалите (failure analysis), вклучувајќи, но не ограничувајќи се на:
  • Фотографирање на испитани примероци во лабораторија и локации на терен
  • Подготовка на металографски примероци за анализа
  • Спроведување на тестови за механичка и металуршка анализа
  • Спроведување хемиска анализа со користење на техники OES, XRF и LIBS
  • Изведување на тестови за корозија,
  • Подготовка на извештаи со резултатите од сите извршени испитувања (механички, металографски, хемиски и тестови за корозија)
  • Завршување на теренската металографска репликација (FMR) на локациите на клиентите
  • Други должности според упатствата на персоналот на компанијата

Што нудиме:
  • Работа во голема интернационална компанија
  • Можност за развој и градење на професионална кариера
  • Конкурентна плата
  • Работа во динамична атмосфера
  • Професионални обуки со интернационално признаени сертификати: можност за PCN сертификација, IRATA, ISO 9712
  • Дополнителни надоместоци при работа во странство

 

Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија преку Брзата Апликација.
 

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на АПАВЕ СЕЕ.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде