Vrabotuvanje.com - Извршен асистент - Скопје - СКОПЈЕ ЕАСТ ГАТЕ СЕГ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Извршен асистент

Скопје

Рок за пријавување:

  • СКОПЈЕ ЕАСТ ГАТЕ СЕГ

СКОПЈЕ ЕАСТ ГАТЕ - СЕГ има потреба од доверлива, добро организирана, аналитична, мотивирана и професионална личност, за работната позиција:

ИЗВРШЕН АСИСТЕНТ


Одговорности и работни задачи:
  • Извршување на административни и асистентски работи
  • Управување со протокот на информации на навремен и прецизен начин 
  • Изработка на редовни извештаи, анализи и истражувања по барање на извршниот менаџмент
  • Координирање на деловните контакти со внатрешната и надворешната јавност (финансиските и другите институции, државни органи, деловни партнери, правни и физички лица)
  • Подготовка на внатрешни и надворешни корпоративни документи
  • Истражување и прибирање на податоци за подготвување на документација и презентации за одбори на директори и менаџери
  • Помош при подготовка на состаноци
  • Прецизно водење на белешки од состаноци и следење на извршување на истите
  • Прави распоред на состаноци и организација на патувања
  • Одржување на организиран систем на документирање
  • Одржување на строго ниво на доверливост на информации
  • Развивање и одржување на високо ниво на професионализам меѓу вработените и клиентите
 
Потребни квалификации:
  • Универзитетско образование
  • Претходно искуство на слична позиција и искуство со деловна комуникација, организација, поддршка на менаџмент
  • Пожелно е познавање во областа на финансиите
  • Одлично познавање на англиски јазик и MS Office алатките
  • Изразена способност за темелност во работењето, одговорност, точност, аналитичност, посветеност и трпеливост
  • Самоиницијативност и само-мотивираност
 
Што нудиме:
  • Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
  • Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
  • Годишен бонус согласно постигнувањата
  • Работно време: 08:00/09:00 – 16:00/17:00 (флексибилно)
 
Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.
Испратете го своето CV преку полето Брза Апликација најдоцна до 14.03.2025.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Градежништво, Геодезија и Геологија изнесува 25.150 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде