Vrabotuvanje.com - Фармацевт во осигурување на квалитет - Росоман - Синцеритас АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Фармацевт во осигурување на квалитет

Росоман

Рок за пријавување:

  • Синцеритас АД Скопје
  • Адреса: Ул.Никола Кљусев бр.11, 1000 Скопје

Синцеритас ад е фармацевтска компанија, чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена.
 
Работните практики и политики се усогласени со највисоките локални и европски стандарди во фармацевтската индустрија (EU GMP) со цел производство на масло од канабис со висока чистота и различни концентрации на CBD и THC.

сИНЦЕРИТАС ад ИМА ПОТРЕБА ОД

Фармацевт во осигурување на квалитет

Фармацевтот во осигурување на квалитет учествува во процесите за обезбедување на постојан квалитет на производството преку спроведување на системи за добра производна пракса (GMP).


Одговорности
  • Креира и пишува процедури (СОП) во согласност со ДПП (GMP)
  • Учествува во постапки и активности што произлегуваат од корективни и превентивни мерки
  • Проверува дали годишниот преглед на производот се спроведува во согласност со стандардите
  • Изработува годишен извештај за квалитет на производ
  • Израборува валидациски протоколи
  • Прегледува квалификациска документација
  • Учествува во истрага на девијации
  • Спроведува контрола на промени
  • Води евиденција на СОП и периодичен преглед
  • Спроведува анализа на ризик
  • Проверува дали програмата за усогласеност се спроведува соодветно и дали сите критични трендови се решаваат соодветно
  • Учествува во управувањето со системот за контрола на суровини
  • Учествува во спроведување обуки за нов и тековен персонал за ДПП (GMP)
  • Ефикасно и ефективно учествува во имплементирање на точни проценки за грешка за да се одреди основната причина и да се обезбеди континуирано подобрување
  • Изготвува упатства за сите други оддели во однос на GMP.
  • Други одговорности поврзани со програмите и процедурите за осигурување квалитет, во согласност со вештините и квалификациите на кандидатот.

Квалификации
  • Најмалку 2 години работно искуство во оддел за осигурување на квалитет.
  • Диплома за завршени додипломски студии во една од овие области: фармација, хемија, биологија.
  • Одлична способност за одржување на систем за обезбедување на квалитет, вклучувајќи: преглед на записи од серија, контрола на документи вклучувајќи испитувања за квалитет.
  • Одлично познавање на MS Office.
  • Одлична способност за технолошко пишување (SOPs, годишни извештаи, истражувачки резимеа итн).
  • Одлична способност да работи независно, со силно внимание на детали.
  • Одлична способност да зборува и пишува на англиски јазик.

Доколку сте заинтересирани, Ве покануваме да се пријавите со својата Професионална биографија преку полето "Брза Апликација".

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде