
Стоматолошката ординација Д-р Илиев е основана на 1 Април 1991 г. од Др. Димитар Илиев спец. по ортодонција со седиште на ул. Зеничка 22а, во населbа Железара, Скопје. Со своето создавање и огромното меѓународно искуство и стручност на Др. Димитар Илиев претставуваше промотор на западноевропската доктрина и современата стоматологија кај нас. Уште со своите почетоци на Стоматолошката ординација Д-р Илиев се поставени безкомпромисно најактуелните протоколи и процедури создавајќи нов концепт и перспективи во пружањето на стоматолошката здравствена заштита.
Денес, ПЗУ Д-р Илиев, водена од д-р Иван Илиев, спец. по ортодонција, претставува високосовремена приватна стоматолошка ординација која ги сплотува научното истражување и најновата технологија, во која се нуди комплетна општа стоматолошка здравствена заштита, бројни специјалистички услуги и тоа:
- ЕСТЕТСКО-КОЗМЕТИЧКО РЕКОНСТРУКТИВНА СТОМАТОЛОГИЈА
- ДЕТСКА И ПРЕВЕНТИВНА СТОМАТОЛОГИЈА
- ПАРОДОНТОЛОШКИ ТРЕТМАН
- ПРОТЕТСКА РЕХАБИЛИТАЦИЈА
- ОРАЛНА ХИРУРГИЈА СО ИМПЛАНТОЛОГИЈА
- ВИСОКО СПЕЦИЈАЛИЗИРАН ОРТОДОНТСКИ ТРЕТМАН
Стоматолошка ординација Д-Р ИЛИЕВ има потреба од следните работни позиции:
Стоматолошка сестра
Потребни квалификации:
- Средна медицинска подготовка па повисоко од било кој смер
- Положен стручен испит
- Познавање на странски јазик се смета за предност (англиски јазик)
- Познавање на работа со компјутер
- Претходно работно искуство се смета за предност
Личен профил:
- Желба за работа како стоматолошка сестра во модерна стоматолошка ординација - личност која се гледа долгорочно на оваа позиција
- Емпатија кон луѓето
- Желба за учење и напредување во работата
- Способност на тимска работа
Ние нудиме:
- Работа на неопрeделено време
- Почетна плата: 30.000 - 36.000 мкд
- Можност за скратено работно време по барање на кандидатот
Вашите биографии можете да ги испратите електронски преку полето Брза Апликација.




