Vrabotuvanje.com - Референт за телефонска и теренска наплата на долгови (м) - Скопје - Еазу Фајнанс АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Референт за телефонска и теренска наплата на долгови (м)

Скопје

Рок за пријавување:

  • Еазу Фајнанс АД Скопје
  • Адреса: Даме Груев број 1 локал 53, 1000 Скопје

 

Еазу Фајнанс АД е Финансиско Друштво основано 2018та година во Република Македонија. Компанијата е насочена кон пазарот на брзи кредити и е еден од лидерите. Знаеме дека секој заслужува почит и разбирање во тешко време, па затоа ќе одговориме на вашите потреби позитивно, пријателски и правично. Наш приоритет е да се погрижиме да го добиете најсоодветниот онлајн заем, прилагоден на вашите потреби, барања и можности. Обидувајќи се да ви стоиме на располагање, ние во Еазу Фајнанс АД помагаме во изнаоѓање на оптимални финансиски решенија за вас. Знаејќи дека парите се неопходен ресурс за секој човек, нашата активност ја насочуваме кон создавање кредитни производи погодни за решавање на секој финансиски проблем.

Веруваме дека сите заслужуваат пристап до пари на пристоен начин.

ЕАЗУ ФАЈНАНС АД Скопје бара одговорна и амбициозна личност (машко) за позицијата

РЕФЕРЕНТ ЗА ТЕЛЕФОНСКА И ТЕРЕНСКА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ

 

Опис на работната позиција:

  • Посетување и потврдување на валидноста на адресите на должниците.
  • Разговор со должниците со цел да се најде заедничко решение за плаќање на долгот надвор од постапка за присилна наплата и согласно внатрешните политики, процедури и стратегија на Друштвото.
  • Она што бараме од идниот кандидат е организираност, способност за работа под притисок, вештини за убедување, фокус кон резултати, високо ниво на доверливост и лојалност


Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование;
  • Познавање на работа со компјутери
  • Пожелно, но не  е неопходно претходното искуство во наплата на достасани побарувања во кредитна/финансиска институција 
  • Возачка дозвола Б категорија 
  • Останатото ние ќе те научиме

Ние нудиме:

  • супер работна атмосфера,
  • фиксна плата + бонус,
  • можност за напредување и развој на кариерата.
  • Работно време од понеделник до петок од 08:30 до 16:30

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да му се приклучи на нашиот тим, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо преку Брзата Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде