Кармен Бауцентар е компанија која работи увоз и продажба на градежни материјали и алати од познати брендови како Кнауф, Бекамент, Урса, Армстронг, Велукс, Свис Кроно, Мараци, Бош. За потребите на компанијата, објавува оглас за ново работно место:
Раководител на малопродажен салон
Потребен е Раководител на малопродажен салон кој ќе биде главно и одговорно лице за извршување на следните работни задачи:
- услужување на клиенти
- подготвување на нарачки до добавувачи
- редење артикли на полица
- издавање на стока
- наплата на фискални сметки
- грижа за изложбен простор
- контрола на документи
- подготвување понуди
- почитување на правилата и процедурите во работењето
Потребни квалификации, способности и вештини:
- минимум ССС образование
- претходно работно искуство во малопродажба
- напредно користење на компјутери
Вработувањето ќе биде на определено време, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. При изборот на кандидатите, нема да биде пресуден нивниот пол, туку работното искуство и квалификациите.
Селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју и на тестирање за познавање на MS Excel.
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации, треба да испратат своја кратка биографија преку полето Брза Апликација.