МОТОЦЕНТАР е реномирана компанија која е основана во 1994 г. и денеска брои околу 200 вработени, таа e синоним за квалитет во продажбата и монтажа на пневматици од светски познати брендови.
Мисијата на МОТОЦЕНТАР е да оствари квалитетно долгорочно партнерство со бизнис партнерите, соработниците, вработените, клиентите. Наша цел е задоволување на потребите на клиентите со високо квалитетни пневматици од светски познати брендови и достапни цени.
Со својата експертиза, искуство и професионализам, како и тимот од млади, обучени и добро подготвени луѓе сме подготвени да понудиме решение на секој проблем и предизвик што клиентите го имаат.Креираме и поддржуваме култура во која секој вработен е ценет и создаваме можности за кариерен раст и развој. Повеќе информации на: www.motocentar.com.mk
МОТОЦЕНТАР вработува:
СЕРВИСЕРИ / АВТОМЕХАНИЧАРИ
Скопје (Момин поток)
Одговорности:
- дијагностика на возила
- поправка и замена на неисправните делови, компоненти и системи;
- рутинско одржување на возила во оптимална состојба како промена на масло, замена на филтри, ротации на гумите, балансирање, центрирање, полнење клима и др.
Потребни квалификации
- Средно образование
- Со работно искуство на слична или иста позиција
- Способност за работа во тим
Што нудиме:
- работа во стабилна компанија
- месечни бонуси
- бонус за препорачан пријател
- подарок за роденден
- динамична атмосфера
- можност за персонален и професионален развој
- тимски активности
Доколку сте заинтересирани и сакате да добиете платена обука и вработување во Мотоцентар, доставете CV преку полето Брза Апликација
и контакт телефон: 070/289 627
не подоцна од 31.03.2025