Vrabotuvanje.com - Агенти за продажба - Битола, Охрид, Кавадарци - ПРИЈАТЕЛИ-МИЛЕНИЦИ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Агенти за продажба

Битола, Охрид, Кавадарци

Рок за пријавување:

  • ПРИЈАТЕЛИ-МИЛЕНИЦИ
  • Адреса: Никола Тесла 42, 7000 Битола
  • Веб страна: http://www.prijateli5.com

ПРИЈАТЕЛИ е една од најуспешните продавници за домашни миленици во Македонија со над 90% сопствен увоз на производи.
Ова го потврдува и фактот што секоја година продолжуваме со трендот на експанзија.

Агенти за продажба

За да ги задоволиме потребите на нашите потрошувачи се прошируваме на нови локации.

Имаме потреба од лица за продажба кои ги сакаат домашните миленици и се од: 
Битола, Охрид и Кавадарци.

Имаме потреба од личности кои:

  • Ги сакаат домашните миленици
  • Имаат желба за учење на нови производи / совети за миленици
  • Цел за свое напредување
  • Ведри, насмеани, комуникативни и позитивни личности.

Нудиме и Гарантираме:

  • Платена обука (30 денови) - минимална плата загарантирана во Р.Македонија
  • Редовна плата (после 30 денови) 28.000ден. / (со бонус за редовност)
  • Загарантирано покачување на плата секој месец од трет до шести месец по 500ден.  (со што минималната плата достигнува 30.000ден.)
  • Плус (+) Загарантиран бонус на Тимска продажба
  • Плус (+) Регрес / К-15
  • Дигитализирана интерна организација
  • Службен телефон
  • Работно време од 40 часа
  • Одмор - летен и зимски
  • Еден слободен ден неделно

 

Оние кои се заинтересирани, и сакаат да работат во Пријателска атмосфера, можат да испратат комплетно CV со фотографија на следниот маил:

vrabotuvanje@prijateli5.com

Нашата цел е да бидеме едно големо Пријателско семејство, кое функционира исклучиво за да има здрави и убави домашни миленици. Она по кое сме препознатливи е нашето мото,
„Ние сме Пријатели на вашите Пријатели“ 

 

АПЛИЦИРАЈТЕ!
 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде