Vrabotuvanje.com - Сервисер - Скопје - Елта 90 Молекуларна Медицина ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • Елта 90 Молекуларна Медицина ДООЕЛ Скопје


 

Компанијата ЕЛТА 90 МОЛЕКУЛАРНА МЕДИЦИНА (ELTA 90 Molecular Medicine) дел од ЕЛТА 90 групацијата, е една од водечките компании за продажба на опрема и лабораториски потрошен материјал во повеќе области од медицината.

ЕЛТА 90 на ниво на групација е присутна во повеќе земји што овозможува чекор понапред во следењето на светски трендови од областа на: молекуларна биологија, микробиологија, биохемија, биотехнологија, патологија, ИВФ итн.

Во ЕЛТА 90 работи високо мотивиран и квалификуван кадар, со особено искуство во областа на својата професионална распределба, кои несебично го користат своето знаење во насока на пронаоѓање на соодветната медицинска опрема и идеални решенија за потребите на клиентите.

Поради зголемување на обемот на работа и проширување на веќе постоечкиот тим, има потреба од следната работна позиција:

Сервисер

Одговорности и задачи:
  • Вршење сервиси и монтажи во рамките на компанијата
  • Блиска соработка и координација со останатите колеги од одделот за продажба
  • Директна комуникација со клиентите и организација на сервис
  • Подготовка на Статус извештај/Налог за извршен сервис монтажа
  • Контрола на исправноста на опремата и нејзина комплетна функционалност
  • Навремено отстранување на дефекти како и превземање на превентивни мерки за навремено спречување на поголеми дефекти
  • Ракува со основни средства и останати уреди заради успешно вршење на работните задачи
  • Управува со сервисни апарати и се грижи за нивната исправност
  • Врши монтажа и демонтажа на опрема
 
Потребни квалификации и вештини:
  • Една година искуство во сродна област ќе се смета за предност
  • Познавање на инсталирање и ракување со медицинска опрема ќе се смета за предност
  • Способност за рутинско одржување и отстранување на дефекти на опремата ќе се смета за предност
  • Познавање на инструменти од областа на лабораториски инструменти ќе се смета за предност
  • Искуство во водење евиденција за медицински набавки и одржување на опрема
  • Тимска работа, самоиницијативност и превземање на одговорност
  • Познавање на англиски јазик
 
Кои моментални познавања би те издвоиле?
  • Одредено познавање на индустријата со која се занимава нашата фирма
  • Аналитичност во работата
  • Проактивност и самоиницијативност

Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде