Vrabotuvanje.com - Лиценциран царински декларант - Скопје - ФАЛКОН ЛОГИСТИК ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Лиценциран царински декларант

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФАЛКОН ЛОГИСТИК ДОО
 

Основана во 2013 година, Фалкон Логистик е успешна македонска компанија која се занимава со давање на логистички услуги на домашни и странски компании. Со тим од 50 вработени, компанијата навистина ги поместува гранциите за квалитет во обезбедување на меѓународни логистички услуги. Главната дејност на компанијата е транспорт на возила и е опремена со 20 камиони-автовозови. Заедно со својата сестринска компанија Викторија Шпед од Скопје, компанијата има годишен обрт од скоро 5 милиони евра, а во портфолиото на Фалкон Логистик се наоѓаат едни од најголемите македонски, европски и светски брендови од областа на автоиндустријата, аутомотив секторот и секако, стоките за широка потрошувачка.
 

ФАЛКОН ЛОГИСТИК ДОО
има потреба од следната работна позиција:

ЛИЦЕНЦИРАН ЦАРИНСКИ ДЕКЛАРАНТ

РАБОТНИ ОБВРСКИ:

  • Изработка на Царински декларации за увозно и извозно царинење за сите предвидени постапки
  • Одредување на  тарифни кодови за стоки во царинска постапка
  • Познавање и практикување на царинските прописи
  • Следење на релевантните промени во царинскот закон и примена на истите
  • Професионален однос со клиентите, царинските службеници и останатите колеги во компанијата
  • Информирање на клиентите за процесот на царинење на нивните пратки
  • Процесирање на  барања и дозволи во  електронскиот систем на дозволи  EXIM
  • Изработување на  останати документи поврзани со постапките за царинење на пратките
  • Придржување кон  прописите, процедурите и процесот на  работа во  Боми 10 Логистик.

КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Најмалку завршено средно образование
  • Поседување на Лиценца за царинско посредување
  • Претходно работно искуство од најмалку 1 година на иста позиција
  • Англиски јазик – не е  задолжително но ке се смета за предност
  • Познавање и примена на MS office (xls, word, power point)
  • Познавање на Еурека/Каспер  оперативен систем за изработка на Царинските декларации.
  • Одлично познавање на SOCDAD и EXIM
  • Возачка дозвола од Б категорија​

Профил на кандидатот:

  • Одлични комуникациски вештини, доверливост, и способност за работа во тим во динамични услови
  • Способност за решавање на проблеми, и ориентираност кон резултати
  • Способност за работа под временски притисок за која се бара високо ниво на експедитивност и ефикасност
  • Способност и желба за учење и понатамошно развивање​

НУДИМЕ:

  • Одлична работна атмосфера, солидни и стабилни приходи, со  можност за напредување и развој на кариерата


Доколку сте заинтересирани и соодведствувате со опишаниот профил, Ве покануваме Вашата професионална биографија да ја испратите преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде