
Ние во Алма-М веќе 34 година сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.
АЛМА - М
Објавува оглас за следната работна позиција
Магационер – Спремач на роба
- Подготовка на нарачки (спремање роба),
- Броење на роба за време на пописи на месечно ниво,
- Прием на роба со внесување по локации,
- Проверка на рокови и декларации,
- други работи по налог на претпоставен.
- Минимум завршено средно образование,
- Флексибилност за работа, фокусираност,
- Професионално однесување и организираност,
- Мотивирана и стабилна личност,
- Динамичен, проактивен и насочен кон резултати,
- Способност за индивидуална и тимска работа,
- Позитивен однос кон промени.
- Претходно работно искуство не е потребно.
- Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности), со можност за продолжување.
- Дневно работно време е од 08.00-16.00 часот од понеделник до петок.
- Паричниот износ на нето плата за огласеното работно место, изнесува до 32,000.00 МКД во зависност од работната успешност.