Vrabotuvanje.com - Проектен координатор и контрола на квалитет - Скопје - Г-КОНСАЛТ ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Проектен координатор и контрола на квалитет

Скопје

Рок за пријавување:

  • Г-КОНСАЛТ ДООЕЛ Скопје
  • Адреса: Манапо бр.7-1/51 Скопје, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.gconsult.mk

 

Проектен координатор и контрола на квалитет

Опис на работното место:

Компанија Г-КОНСАЛТ ДООЕЛ објавува оглас за позицијата Проектен координатор и контрола на квалитет. Бараме посветена и организирана личност која ќе биде одговорна за координација на проектните активности, следење на напредокот и обезбедување на квалитет во согласност со утврдените стандарди.

Главни одговорности:

  1. Планирање и координација: Подготовка на проектни планови, апликации, организирање и имплементација на проектни активности, следење и управување со проектни активности.
  2. Комуникација: Одржување на добра комуникација со вкучените страни, обезбедување редовна комуникација и пренос на информации, како и навремено информирање за напредокот на проектот.
  3. Управување со ризици: Идентификација и намалување на ризици со превентивни мерки.
  4. Контрола на квалитет: Следење на квалитетот на проектните активности и осигурување дека сите активности на проектот се во согласност со барањата за квалитет и стандарди.
  5. Документација и извештаи: Подготовка и доставување на периодични извештаи до донаторите и менаџмент, согласно предвидените рокови.

Кои се потребните вештини и квалификации:

  • Високо образование, по можност во областа на животната средина, инженерство или сродна дисциплина;
  • Најмалку две (2) години работно искуство работно искуство во управување со проекти и/или контрола на квалитет согласно ISO стандарди
  • Познавање на ISO стандарди (предност е искуство со ISO 9001 и ISO 14001 или други релевантни стандарди);
  • Способност за планирање и координација на активности, следење рокови, и управување со ресурси.
  • Одлично познавање на англискиот јазик.

Начин на аплицирање:

Заинтересираните кандидати се повикуваат да испратат CV и мотивациско писмо преку полето "Брза Апликација" најдоцна до 20.03.2025 година. Во насловот на е-поштата наведете: „Апликација за Проектен координатор и контрола на квалитет“.

 
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Градежништво, Геодезија и Геологија изнесува 25.150 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде