Vrabotuvanje.com - Соработник/чка за Програма за лојалност - Скопје - СОС ДЕТСКО СЕЛО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Соработник/чка за Програма за лојалност

Скопје

Рок за пријавување:

  • СОС ДЕТСКО СЕЛО

СОС Детското село е здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.

Здружението СОС Детско село Скопје во рамките на Проектот за развој на индивидуално донаторство објавува 1 (едно) работно место:

СОРАБОТНИК/ЧКА ЗА ПРОГРАМА ЗА ЛОЈАЛНОСТ
(замена за породилно отсуство)

 

КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ:

  • Контактирање со актуелните донатори преку различни комуникациски канали (телефон, е-пошта, пошта и сл.)
  • Следење и спроведување на сите фази од Програмата за лојалност
  • Ажурирање на постоечките и внесување нови податоци во системот
  • Анализирање на ефективноста на програмата и подготовка на извештаи
  • Решавање на приговори и комуникација со донаторите за нивните предлози и барања
  • Поддршка на одделот за индивидуални донатори преку месечни анализи и административни задачи

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Минимум средно образование
  • Најмалку 2 години искуство во кол центар, телемаркетинг или директна продажба
  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Познавање на Salesforce или друга CRM платформа ќе се смета за предност
  • Одлични компјутерски вештини, особено работа во Excel
  • Познавање на англиски јазик
  • Прецизност, аналитичност и проактивност во работата.
  • Позитивен став, упорност и желба за работа на хуманитарна мисија

ШТО НУДИМЕ:

  • Договор на определено време (1 година) – замена за породилно отсуство
  • Вклучување во хумана мисија и можност за градење значајни односи со донатори
  • Динамична и поттикнувачка работна средина
  • Континуирани можности за личен и професионален развој

Доколку сакаш да бидеш дел од мисија на СОС Детско село – ова е вистинската можност за тебе!

Стани дел од тимот што менува животи, затоа што -

Ниту едно дете не треба да расте само!

Краен рок за аплицирање: 31.03.2025

 

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Грижа (за деца, за постари лица...) изнесува 16.702 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде