Медицински претставник
Територија на Р.Македонија
Рок за пријавување:
- Lohmann & Rauscher
Lohmann & Rauscher е Австриско-Германска компанија стара повеќе од 160 години, која е глобален лидер во производство и достава на медицински производи, како облоги за современ третман на рани, компресивна терапија и производи за операциона сала со повеќе од 5.500 вработени, 49 официјални претставништва, 1200 дистрибутери и извоз во повеќе од 75 земји во светот. Поради динамичен раст и развој на интернационалната продажба бара:
МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК

Чии што задачи ќе бидат:
- Често патување низ државата
- Работа и контакти со медицински персонал
- Посета на здравствени домови, болници, клинички центри и аптеки
- Работа во ОП сала
- Менаџирање со KOL’s
- Сигурно имплементирање на стратегијата на L&R и неговите производи во регионот
- Организирање и учество на презентации, едукации, конгреси, семинари, Team Buildings
- Подготвување извештаи за работа со клиенти
- Раст и развој на пазарот, остварување на продажни цели дефинирани согласно бизнис планот
- Kанцелариско работење
Бараме кандидати кои:
- Го познаваат пазарот со медицински средства и неговите механизми
- Се ориентирани кон постигнување и остварување на зададени цели, проактивни се и имаат претприемнички пристап
- Сакаат да патуваат низ регионот и да градат кариера во интернационална компанија
- Поседуваат возачка дозвола Б категорија и се активни возачи
- Со и без работно искуство
Предност имаат кандидати кои по професија се:
- Медицински сестри, доктори по медицина, фармацевти, стоматолози, доктори по ветерина
- Имаат работно искуство во индустријата од минимум 1 година
- Добро го познаваат англискиот јазик
Доколку ги исполнувате горенаведените критериуми, би сакале да Ви понудиме работна позиција со надпросечни услови, во брзорастечка динамична и просперитетна средина.
Сите алати за работа, како електронски уреди, возило и едукација ќе бидат обезбедени од страна на компанијата.
Ве молиме пратете го вашето СV на англиски јазик преку полето Брза Апликација.
За Ломан и Раушер ГМБХ -Австрија претставништво Скопје. Контакт телефон:+389 71249543.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Фармација и Биотехнологија изнесува 36.814 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!