Vrabotuvanje.com - Специјалист за набавки - Скопје - МОТОЦЕНТАР ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Специјалист за набавки

Скопје

Рок за пријавување:

  • МОТОЦЕНТАР ДОО

МОТОЦЕНТАР  е  реномирана компанија  која е основана во 1994 г. и денеска брои  околу 200 вработени, таа e синоним за квалитет во продажбата и монтажа на пневматици од светски познати брендови.

Мисијата на МОТОЦЕНТАР е да оствари  квалитетно долгорочно партнерство со бизнис партнерите, соработниците, вработените, клиентите. Наша цел е задоволување на потребите на клиентите со високо квалитетни пневматици од светски познати брендови и достапни цени.

Со својата експертиза, искуство и професионализам, како и тимот од млади, обучени и добро подготвени луѓе сме подготвени да понудиме решение на секој проблем и предизвик што клиентите го имаат.Креираме и поддржуваме култура во која секој вработен е ценет и создаваме можности за кариерен раст и развој. Повеќе информации на: www.motocentar.com.mk

 

МОТОЦЕНТАР вработува:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКИ

 

Дали си личност на која процесот на набавка и е предизвик, но и задоволство во работењето? Дали се стремиш кон пронаоѓање на најдобри добавувачи, оптимизирање на трошоци и обезбедување на синџир на снабдување без пречки? 

Ако одговорот е ДА, тогаш Мотоцентар - лидер во својата индустрија, те очекува во својот тим!

Кои ќе бидат твоите одговорности:

  • Идентификување на потребите на компанијата, разработување планови за набавување во согласност со стратегијата на компанијата
  • Спроведување анализи за компаниските набавки, одредување на нивото на залихите и идните потреби на компанијата
  • Оптимизација на процесот за набавка
  • Преговарање и договарање соодветни услови за работа со добавувачите
  • Развивање и одржување на силни односи со добавувачите за гарантирање квалитет и сигурност
  • Одговорен за одржување на оптимално ниво на залихи во магацин
  • Следење на залихите и координација со тимовите за предвидување на потребите
  • Организација на увоз и соработка со шпедитерски компании

Потребни квалификации и вештини

  • Средно или високо образование
  • Работно искуство во набавка минимум 3 години
  • Познавање на Англиски јазик
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини
  • Ориентираност кон резултати и добри организациски способности

Зошто да работиш во нашиот тим?

Одличен тим

  • работа во стабилна компанија
  • позитивна и динамична работна атмосфера
  • можност за интерен кариерен развој

Одлична плата & бонуси

  • атрактивна и фер плата
  • бонус за препорачан пријател

Поволности за вработените

  • Team building активности
  • подарок за роденден

 

Доколку сте заинтересирани и сакате да добиете платена обука и вработување во Мотоцентар, доставете CV ​преку полето Брза Апликација
и контакт телефон: 070/289 627
не подоцна од 23.03.2025

 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде