Vrabotuvanje.com - Директор на продажба на дигитални продукти и e-commerce - Скопје - Блутек Комуникации
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Директор на продажба на дигитални продукти и e-commerce

Скопје

Рок за пријавување:

  • Блутек Комуникации

 

БЛУТЕК Комуникации, компанија за информатичка технологија, објавува оглас за својот проект PAYLINK  https://www.paylink.mk/ за работна позиција:

Директор на продажба на дигитални продукти и e-commerce

 

Потребни квалификации:

  • ВСС - Висока стручна подготовка
  • Соодветно работно искуство вo продажба минимум 5 години (од кои најмалку 3 год на раководна позиција);
  • Задолжително познавање на англиски јазик
  • Одлични комуникациски и продажни вештини (продажни обуки ќе се сметаат за предност)
  • Способност за преговарање, убедливост и градење однос со клиенти
  • E – Commerce Стратегии
  • Одлично познавање на дигиталнте технологии
  • Одлично познавање на Microsoft Office (Excel, Word, Power Point)
  • Возачка дозвола за Б категорија - Активен возач
  • Способност за работа под притисок и фокусирање на повеќе работни задачи во исто време
  • Професионален однос кон работни обврски
  • Ориентираност кон постигнување на цели и резултати
  • Ефективност и организираност

Одговорности:

  • Водење, унапредување и промоција на продажбата во фирмата
  • Одржување врски со клиентите преку обезбедување на поддршка, информации и насоки, истражување и препорака на нови можности
  • Остварување на деловни состаноци и презентации
  • Подготовка на понуди за клиентите
  • Подготовка на извештаи
  • Идентификување на бизнис можности, истражување и анализа на можности за продажба
  • Препораки за подобрување на профитот и услугите
  • Изготвување на програма и стратегија за продажба и развој
  • Развој на ефективни планови за продажба (бизнис план)
  • Следење и постигнување на финансиски резултати и таргети
  • Маркетинг и промоција на портфолио на производи преку директна комуникација со клиенти и преку присуство на настани
  • Обезбедување квалитет на услугата преку детално познавање на услугите кои компанијата ги нуди

Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме да доставите Ваше CV (кратка биографија) на Емаил адресата ristova.hr@gmail.com најкасно до 28.03.2025 година.

Ве молиме, имајте во предвид дека само кандидатите кои ќе останат во потесниот круг ќе бидат контактирани телефонски. За сите дополнителни информации во врска со работното место можете да се обратите на истата е-маил адреса.

www.blutek.com.mk

Обука за кандидатите

?
Можност за професионален развој и унапредување

Мотивирачка работна средина

?
Провизија според залагањата и резултатите од продажбата

?
Службен телефон

?
Регрес / К-15

Работно време од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до петок

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде