Градинарски центар ФОЈА, со локација на Борис Трајковски 152А (на патот према нас. Пинтија , во близина на цементарница Усје) Скопје,
заради зголемен обем на работа вработува:
ПРЕЗЕНТЕРИ/ПРОДАВАЧИ ВО ГРАДИНАРСКИ ЦЕНТАР
ШТО НУДИМЕ:
- Почетна плата: 28000-30000 денари во зависност од квалификациите и работното искуство;
- Работа во пријатна, пријателска и професионална работна средина;
- Пријавени на неопределено работно време (8ч);
- Редовна исплата на плата;
- Можност за награди за успешност и бонуси за вработени кои посебно ќе се покажат и истакнат во завршувањето на поставените работни задачи.
РАБОТНИ ОБВРСКИ:
- Работа со клиенти, потенцијални купувачи и корисници на услуги (презентирање на растенија, градинарски додатоци и услуги кои ги нуди компанијата);
- Одгледување и одржување на растенијата и просторот (полевање, плевење, пресадување по потреба, подредување).
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Степен за образование ССС/ВСС;
- Основно познавање од областа на хортикултурата, растенијата и нивните карактеристики;
- Способност за љубезна и срдечна комуникација со клиенти;
- Подготвеност за работа во тим;
- Вреден и одговорен однос кон работните обврски;
- Претходно работно искуство е предност, но не е задолжително;
- Возачка Б Категорија предност, но не е задолжително.
Доколку сте одговорна, позитивна и вредна личност, имате љубов кон растенијата и хортикултурата и се препознавате во наведената работна позиција
aплицирајте на линкот https://foja.com.mk/apliciraj/,
контактирајте не на: 02 2772 046 / 078 225 897
или испратете ни кратка биографија-CV преку полето Брза Апликација!