Vrabotuvanje.com - Стручен соработник во Одделение за правни работи - Скопје - МАКПЕТРОЛ АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Стручен соработник во Одделение за правни работи

Скопје

Рок за пријавување:

  • МАКПЕТРОЛ АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 

О Г Л А С

 
За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци (со можност за продолжување) на работно место стручен соработник во Одделение за правни работи и застапување во Сектор за право во Дирекција за правни и општи работи.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено високо образование, Правен факултет
  • Работно искуство од најмалку 2 (две) години во областа на правни работи
  • Положен Правосуден испит
  • Познавање и практична примена на Законот за парнична постапка, Законот за облигационите односи, Закон за извршување, Закон за стечај, Закон за општата управна постапка, Закон за управни спорови
  • Практична работа со компјутер
 
 

Работно време за горенаведеното работно место е од 08:00 часот до 16:00 часот.

Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.

Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 38.500 денари.

Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

 

Заинтересираните кандидати треба да достават:
  • Писмо за мотивација
  • Кратка биографија
  • Копија од диплома за завршено образование
  • Копија од Уверение за положен правосуден испит
  • Копија од други стекнати дипломи и уверенија
  • Препорака од претходен работодавач
  • Уверение од кривична евиденција
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 

лице за контакт: Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146-49

лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532
 

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на интервју. 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи. 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 7 (седум) работни дена.



 
 

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде