Vrabotuvanje.com - Продукт/Бренд Менаџер - Скопје - ВРАБОТУВАЊЕ ХР СОЛУТИОНС Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Продукт/Бренд Менаџер

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВРАБОТУВАЊЕ ХР СОЛУТИОНС Скопје

Vrabotuvanje HR Solutions е водечка македонска агенција за регрутација, привремени вработувања и HR консалтинг со над 20 години искуство во полето на човечките ресурси. Како искусни професионалци, нашата мисија е насочена кон ревидирање на постојните HR практики за оптимално подобрување на организациските перформанси и развој на продуктивна и инспиративна работна средина. Вработување ХР Солутионс за потребите на клиент, модерна, динамична и иновативна компанија, која работи во доменот на пласирање производи и услуги, има потреба од вработување на:

ПРОДУКТ / БРЕНД МЕНАЏЕР

Опис на работни задачи и обврски

  • Следење и контрола на залихите, изработка и пласирање на нарачки и организирање на навремени испораки
  • Редовна комуникација со добавувачи – преговори за понуди, цени и услови на соработка, решавање на проблеми
  • Посета и мониторинг на своето портфолио на производи во продажните единици
  • Спроведување на годишни оперативни планови директно поврзани за своето портфолио на производи
  • Подготовка на извештаи за промет, профит, тренд, како и анализа со предлози за промени
  • Креирање план на активности за остварување на таргетите и за подобрување на резултатите
  • Следење на пазарот и конкуренцијата

Квалификација:

  • Високо познавање на Microsoft Office со посебен фокус на Excel
  • Соодветно работно искуство
  • Универзитетска диплома (економски или технички науки)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Комуникациски, аналитички, организациски и преговарачки компетенции на напредно ниво

Што нудиме:

  • Годишни бонуси во зависност од остварените резултати
  • Пријатни работни услови и соодветна опрема за квалитетно извршување на работните задачи
  • Можности за патувања со посета на добавувачи и саеми надвор од Македонија
  • Динамична средина, возбудливи професионални предизвици и работа во инспиративен тим
  • Работно време 08:00-16:00 часот

Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата апликација преку полето Брза Апликација.

Ви благодариме за Вашиот интерес.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде