Vrabotuvanje.com - Раководител на филијала - Охрид - Охрид - New Yorker
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Раководител на филијала - Охрид

Охрид

Рок за пријавување:

  • New Yorker


ОВА СМЕ НИЕ

„Dress for the moment” е повеќе од само парола за нас. NEW YORKER прави мода за вистински моменти. Бараме вработени со страст, храброст за иновации и љубов кон креативноста, кои нè водат напред со својата личност и ентузијазам и постојано нè инспирираат. Некомплицирано, инспиративно и секогаш подготвено да се нурнете во нови светови и да го живеете секој момент. Дали барате да се приклучите кон атрактивна и динамична компанија, каде што може да правите променa секој ден? Затоа не чекајте и започнете ја вашата кариера – сега, во една од најубавите индустрии во светот!

Нашите продавници се предводник на NEW YORKER. Во нашата компанија сме блиску до нашите клиенти и воедно ги инспирираме со нашиот бренд. Со страст за модата, чувство за трендови и силна услужна ориентација и посветеност, создаваме совршено искуство за шопинг. Нашите 23.000 вработени во продажбата во над 1.150 продавници, се вклучени во процесот на организирање на оперативните деловни процеси и во голема мера се одговорни за управување со успехот на компанијата.


 

За нашата нова продавница во Охрид, бараме кадар за следната позиција:

РАКОВОДИТЕЛ НА ФИЛИЈАЛА
 

ОПШТИ ОДГОВОРНОСТИ НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Вие ја преземата одговорноста за продавницата – вклучително со сè што е поврзано со неа;
  • Го водите вашиот тим - модерната менаџерска работа не ви е непозната, ги мотивирате вашите вработени со атрактивни цели, го обезбедувате нивниот развој преку тренинг и обука;
  • Правите избор и селекција на персонал и ги обучувате оптимално;
  • Внимавате на развојот на бизнисот и иницирате соодветни мерки, со цел да го обезбедите успехот на подружницата;
  • Најновите трендови се секогаш прикажани во филијалата – со цел да се инспирираат клиентите и да се промовираат продажбите;
  • Извршувате административни задачи, во делот од продавницата наменет за канцеларија.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Вие сте трговец* - успешно сте го завршиле вашето образование!
  • Работно искуство во малопродажба на текстил е со предност;
  • Поседувате автентична лидерска карактеристика, која ви овозможува да го водите вашиот тим со посветеност и харизма;
  • Да ги инспирирате колегите и да ги мотивирате да постигнат нови цели зададени од вас;
  • Да поседувате талент за продажба, којшто ќе ве насочи да ги ставате нашите клиенти во фокусот, вашата свест и афинитет кон модата ги инспирира и другите;
  • Планирање и организација на задачите;
  • Способност за тимска работа и комуникативност;

КОМПАНИЈАТА ВИ ОВОЗМОЖУВА:

  • Привлечно работно искуство во многу успешен семеен и глобален бизнис;
  • Атрактивен бонус систем;
  • Редовни тимски настани;
  • Попуст на вработените на нашата најнова мода;
  • Многу перспективи за развој и можност за кариерен напредок;
  • Сеопфатна воведна и внатрешна обука;
  • Флексибилно работно време;
 
 
 
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде