Vrabotuvanje.com - Медицински претставник (Северозападна Македонија) - Северозападна Македонија - ЕВОФАРМА АГ - Претставништво Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Медицински претставник (Северозападна Македонија)

Северозападна Македонија

Рок за пријавување:

  • ЕВОФАРМА АГ - Претставништво Скопје

Меѓународната фармацевтска компанија, Ewopharma AG, со повеќе од 65-годишна традиција во маркетинг на фармацевтски производи, распишува оглас за:

МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ЗА РЕОН:
СЕВЕРОЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА
(1 ПОЗИЦИЈА)

Опис на работното место:

  • Комуникација и посета на стручни лица – лекари од општа пракса и специјалисти, аптеки низ државата;
  • Креирање на комуникациски стратегии со соодветните профили на лекари кои би придонеле во зголемена доверба од препораката на тие производи;
  • Организирање на едукативни настани и работилници за доктори и фармацевти, претставување на компанијата на конгреси низ државата, чести патувања;
  • Остварување на резултати од зададени продажни планови и активности.

Потребни квалификации:
  • Завршено високо образование – медицински, стоматолошки или фармацевтски факултет;
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност;
  • Валидна возачка дозвола - Б категорија;
  • Познавање на работата со пакетот MS Оffice;
  • Познавање aнглиски јазик.

Каква личност бараме:

  • Динамична личност со изразени комуникациски и презентациски вештини;
  • Високомотивирана, одговорна, со изразена професионалност, дисциплина и доверливост;
  • Способна, која бенефитите од производите ќе умее да ги презентира и промовира на лесен и разбирлив начин;
  • Проактивна, организирана и личност ориентирана кон остварување на резултати.

КОИ СМЕ НИЕ? 

Ewopharma AG е швајцарска фармацевтска компанија со повеќе од 60-годишна традиција на маркетинг на фармацевтски производи во Централна и Источна Европа.

Полето на работа на Ewopharma опфаќа различни активности на терен, регистрација и маркетинг на лекови на рецепт и без рецепт, додатоци во исхраната, козметика и медицински средства. Ние, во Ewopharma, успешно го насочуваме нашето знаење и искуство преку лансирање производи на Ewopharma, како и на другите наши партнерски брендови, на нашите целни пазари. Во 2004 година, се придруживме на RX-Alliance, професионална мрежа за соработка помеѓу успешни фармацевтски компании кои се активни на избраните европски пазари.

Ewopharma AG е присутна на македонскиот пазар од 2013 година.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат преку полето Брза Апликација со назнака на позицијата за којашто аплицираат.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 31.03.2025 година

Личните податоци, коишто се составен дел од добиените биографии, ќе бидат заштитени со технички и организациски мерки кои ги предвидува членот 29 од Законот за заштита на личните податоци и Правилникот за безбедност на обработката на личните податоци. Личните податоци се обработуваат само за остварување на правата и обврските од работниот однос или во врска со работниот однос. По завршување на огласот и изминување на сите законски предвидени рокови, личните податоци се бришат. За чување на биографии подолго од законскиот предвиден рок, потребна ни е дополнителна изјава за согласност за обработка на личните податоци.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Здравство и Социјална работа изнесува 23.752 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде