Техничко лице
Скопје
Рок за пријавување:
- ИНФО-КОД ДОО
Инфо-Код ДОО Скопје е во потрага по:
ТЕХНИЧКО ЛИЦЕ
ЗА КОМПАНИЈАТА
Инфо-Код ДОО Скопје речиси три децении работи со технологија за идентификација нудејќи производи од реномирани производители и техничка поддршка и сервис за истите.
ОПИС НА РАБОТАТА:
Ние бараме мотивирано и способно техничо лице да се приклучи на нашиот тим. Успешниот кандидат ќе биде одговорен за техничка поддршка и сервис, одржување и поправка на термални принтери, баркод читачи и PDA мобилни уреди /терминали, таблети и додатна опрема.
КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ:
- Обезбедување поддршка за клиентите при инсталација и сервис на уредите.
- Дијагностика и идентификација на технички проблеми со уредите.
- Помош во управување и контрола на инвентарот на материјали потребни за одржување.
- Комуникација со производителите на опремата за решавање на проблеми во врска со истата.
- Учествување во постојани обуки на англиски јазик за развој на технички вештини и ажурирање со новитетите во индустријата.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Диплома од средно училиште (предност има диплома од техничкиот сектор во механика, инжењерство или сродна област).
- Претходно искуство на слични работни позиции ќе биде предност.
- Одлични вештини во користење на механички алатки и опрема.
- Одлично познавање на Англиски јазик.
- Солидни знаења во дијагностицирање и решавање на технички проблеми.
- Одлични способности за работа во тим како и добри комуникациски вештини.
- Напредни знаења во користење на компјутерски алатки.
- Способност за ефикасно управување со времето и приоритетите.
ПРИВИЛЕГИИ:
- Можности за развој на кариерата во рамки на компанијата.
- Обуки и можности за унапредување на техничките вештини и професионалните знаења.
- Конкурентна плата и можности за бонуси во зависност од перформансите.
- Поддршка и работна средина со можности за напредок и личен развој.
Сите апликации ќе бидат разгледани доверливо.
Ги охрабруваме сите квалификувани кандидати да аплицираат!
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!