Vrabotuvanje.com - Сервисер - Скопје - БИОТЕК ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

 

Биотек ДОО Скопје е реномирана компанија основана во 1999 година која оттогаш континуирано расте и се развива и денес е докажан регионален лидер во продажба на високо квалитетна лабораториска опрема и потрошен материјал, пост-продажна поддршка и сервис, како и апликативна и техничка поддршка.

Биотек ДОО Скопје објавува оглас за работната позиција: 

СЕРВИСЕР

Потребни квалификации:

  • ССС/ВСС од областа на електротехника или машинство
  • Минимум 1 година претодно работно искуство во областа  

Потребни способности и вештини:

  • Одлично познавање на работа со компјутери и компјутерски системи за работа
  • Задолжително поседување на возачка дозвола Б категорија/активен возач
  • Ориентираност кон рокови
  • Комуникациски вештини
  • Познавање на Англиски јазик
  • Способност за тимска работа 

Главни одговорности:

  • Инсталација и пуштање во употреба на апарати и опрема
  • Сервис и оддржување на инсталирани апарати
  • Изготвување на документација потребна при инсталација, пуштање во употреба и обука на персоналот за инсталираните апарати и опрема
  • Внес и издавање извештај за дефектажи и сервисни налози
  • Следење на добиени нарачки за сервисна услуга 

Компанијата нуди:

  • Можности за професионален и личен раст и развој,
  • Дигитализирани работни процеси со современи алатки и технологии,
  • Енергична и професионална работна средина,
  • Модерни канцеларии во центарот на градот,
  • Подароци за родендени и празници,
  • Конкурентни плати 
 

Известување за приватност на кандидати за вработување

Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.

**Ги замолуваме само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови да аплицираат на огласот.

**Со поднесување на оваа апликација сте согласни да бидете дел од Базата на потенцијални кандидати и за идните новоотворени работни позиции во текот на годината. Доколку сакате Вашата Професионална биографија CV да биде избришана од системот по истек на овој Оглас за вработување, Ве молиме да поднесете барање за бришење на горенаведената е- маил адреса

https://biotek.com.mk/about-us/

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде