ЕКСПАНДА Е ВО ПОТРАГА ПО ЕНТУЗИЈАСТИ КОИ ИМААТ ИСКЛУЧИТЕЛНА МОЖНОСТ ДА СЕ ПРИКЛУЧАТ ВО ТИМОТ КОЈ ПОСТОЈАНО НАПРЕДУВА И РАСТЕ!
Локација: ТЕТОВО
Што претставува IQOS™?
Како Продажен Асистент ќе бидете одговорни за:
- Продажба на IQOS ILUMA уреди и други поврзани производи во согласност со планот за продажба;
- Eдукација на потрошувачите во продажното место за IQOS ILUMA;
- Овозможување корисничка поддршка за купувачите на IQOS ILUMA;
- Продажба на тутунски производи, алкохолни и безалкохолни пијалоци;
- Набавка, прием и складирање на производи;
- Изложување и редење на производите;
- Работа со фискална каса и издавање на фискални сметки;
- Грижа за уреден изглед на Тобакото, како и за асортиманот и уредите на продажното место.
Доколку сте:
- Комуникативни, убедливи, енергични и ориентирани кон потребите на потрошувачите;
- Тимски ориентирани со желба за работа во динамична средина;
- Насочени кон остварување резултати, организирани и структурирани во работењето;
- Одговорни, самоиницијативни и проактивни;
- Лојални и чесни.
И поседувате:
- Најмалку IV степен стручна подготовка (пожелно универзитетска диплома);
- Познавање англиски јазик (основно ниво на познавање);
- Познавање други јазици (албански -пожелно но не обврзувачки);
- Познавање MS Office (основно ниво на познавање);
- Искуство во продажба или маркетинг (пожелно во малопродажба).
Ние ви нудиме:
- Одлични услови за работа, иновативна средина и развој во динамичен тим;
- Нето месечна заработка од 30.000 МКД + атрактивен месечен бонус;
- Работно време: 40 часа неделно, во смени.
Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти.