Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје, Инџиково - ТЕЛАМОН-ЕВРОПА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сметководител

Скопје, Инџиково

Рок за пријавување:

  • ТЕЛАМОН-ЕВРОПА ДООЕЛ

ТЕЛАМОН - една од најголемите приватни компании за производство на кабелски сетови за автомобилската индустрија од Индијана, САД, која обезбедува стабилни производствени услуги за автомобилски и индустриско поврзани клиенти.

Во Теламон, фокусот е во деталите на секој проект. Индустриските решенија кои ги создаваме во Теламон овозможуваат реализирање и одржливост на одамна втемелените вредности во компанијата.

За поддршка на нашата фабрика во Скопје, во потрага сме по:

Сметководител
 
 
Основни обврски и одговорности:
 
  • Соодветно извршување на книговодствени должности за сите документи поврзани со производство на дневна основа
  • Одговорен за секојдневно работење со сметки , влезно-излезни фактури - целосна поддршка во процесирањето на целосен сет на сметки и навремено затворање на сметките
  • Активно учество во подготовка на месечни извештаи поврзани со ДДВ, персонален данок на доход и пресметка на данок на добивка
  • Активно учество во затворање на годишни книги во согласност со локалните / МСФИ барања
  • Исполнување на целосен спектар на финансиска улога пр. АР, АП, ФА, ГЛ, плаќање итн.
  • Поддршка во изведба на предвидувања / буџети за проектните трошоци
  • Известување до Биро за статистика и НБРМ и тесна соработка со сите институции за теми поврзани со финансии
  • Активно учество во навремено месечно затворање на финансиските извештаи, преглед и контрола

 

Потребно образование и искуство:
 
  • Овластен сметководител
  • Додипломски студии од поле финансии (Економски факултет)
  • Мин 2-4 години релевантно искуство во сметководствено работење во индустријата
  • Познавање на англиски јазик, писмено и вербално
  • Релевантно искуство во анализа на трошоците и анализата на финансиите се смета за предност
  • Познавање и самостојно работење на MS Office пакет, особено MS Excel.
  • Способност за самостојно работење и водење на целата сметководствена операција
  • Запознаеност во американскиот GAAP е предност
 
 Апликациите може да ги доставите преку полето Брза Апликација
Сите пристигнати апликации ќе бидат разгледани во строга доверливост. Само кандидатите од потесниот круг ќе бидат контактирани за интервју.
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде