Vrabotuvanje.com - Директор на малопродажба – супервизор за работа на бензински пумпи - Скопје - Gulf Oil
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Директор на малопродажба – супервизор за работа на бензински пумпи

Скопје

Рок за пријавување:

  • Gulf Oil

Поради понатамошен развој и зголемен обем на работата во Компанијата, објавуваме оглас за:

ДИРЕКТОР ЗА МАЛОПРОДАЖБА – Супервизор за работа на бензински пумпи


Основни одговорности и задачи:

  • Одговорен за унапредување,развој и поддршка на функционирањето на бензинските пумпи на компанијата низ Државата;
  • Гарантира ефикасна контрола на работењето, зголемување на продуктивноста и остварување на поставените цели;
  • Соработува и е одговорен за тимот за кој е назначен и контрола на неговата работа. (Раководители на бензиски пумпи, вработени на бензиски пумпи, менаџирање, оценка на нивно работење, регрутирање, унапредување, казнување и наградаување);
  • Активности на терен и во канцеларија, правење анализи, извештаи и планирање, и градење на долгорочен развој на постоечките бензиски пумпи и подготовка на анализи, извештаи и регрутирања на нови вработени при отворање на нови бензиски пумпи;
  • Надзор над материјално – финанскиско работење на бензиските пумпи, правење на редовни пописи, утврдување на залихи, контрола над финансиски извештаи и дневни промети;
  • Комуникација со добавувачи на производи за продажба на пумпа, склучување на договори и давање насоки за продажба, изложување и рекламирање на производи од определени добавувачи;
  • Надзор, контрола и комуникација со раководители на бензиски пумпи за поседување на потребна документација, обезбедување на потребни документи на бензиски пумпи (извештаи, анализи, записници).


Потребни квалификации:

  • Високо образование – предност ќе имаат кандидатите со економски или сроден факултет;
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција од 5 (пет) години ќе се смета за предност;
  • Активно познавање на странски јазици;
  • Активно познавање на Microsoft Office (Excel, Word, Power Point)
  • Возачка дозвола Б категорија.


Личен профил:

  • Одговорна и организирана личност;
  • Високо изразени лидерски вештини;
  • Одлични комуникациски и организациски вештини;
  • Прецизност, аналитичност и ориентираност кон резултати;
  • Лојалност и професионален пристап кон работата;
  • Иницијативност, посветеност и амбициозност;
  • Колегијалност и работа во тим;
  • Висок личен интегритет и деловна култура;


Доколку сакате да бидете дел од нашата компанија, Ве молиме испратете ни го Вашето CV со назнака Директор за малопродажба  преку полето Брза апликација.

Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Право изнесува 23.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде