Производителот на сувомесни производи и трговец на големо со прехрамбени производи ПЕКАБЕСКО АД заради остварување на своите потреби објавува оглас за
следнава работна позиција:
ЗАМЕНИК РАКОВОДИТЕЛ НА МАГАЦИН
1 (еден) ИЗВРШИТЕЛ - Скопје
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Да бидат со место на живеење во Скопје или од околината,
- ССС подготовка-економско или трговско (образование ќе се смета за предност),
- Работно искуство од областа на магацинско работење (ќе се смета за предност),
- Да поседува организаторски способности и компјутерски вештини,
Работни услови:
- Работниот однос се склучува на определено време од 3 месеци ( со можност за продолжување ),
- Нето плата од 40.000,00 ден,
- Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник-петок.
Напомена:
- Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување.
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги задоволуваат критериумите,
- Испратете го вашето CV ( апликација ) преку полето Брза Апликација,
- Апликациите да се достават заклучно со 13.04.2025 година.
Пекабеско АД