РЖ Техничка контрола е основана во 1965 година, како дел од Рудници и Железарница "Скопје", како Централна лабораторија за хемиски и механички испитувања во областа на металургијата. Основната активност на РЖ Техничка контрола уште од почетоците била утврдување на квалитетот на металуршкото производство на челик.
Визија: Визијата на РЖ Техничка контрола е да стане позната лабораторија за хемиска, металуршка и механичка анализа и анализа без разрушување на метали, метални делови и конструкции.
Мисија: Мисијата на РЖ Техничка контрола е да влијае на квалитетот на металуршките производи и на безбедноста на металните конструкции вградени во овие производи со прецизна и навремена анализа.
Во РЖ Техничка контрола вработени се 73 луѓе меѓу кои 19 инженери од областа на металургијата, технологијата, хемијата, физиката, машинството, електротехниката итн.
РЖ ТЕХНИЧКА КОНТРОЛА АД има потреба од вработен кој ќе работи во лабораторија. Поради тоа имаме потреба од следната работна позиција:
Контролор во лабораторија за испитување без разрушување (м)
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Средна стручна спрема - електротехника или машински смер;
- Со или без претходно работно искуство;
- Основно познавање на англиски јазик;
- Компјутерски вештини (Word, Excel..);
- Возачка дозвола Б-категорија.
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО
- Вршење на радиографска и ултразвучна контрола;
- Работа на терен;
- Работа во смени.
ПРОФИЛ НА ЛИЧНОСТ
- Способност за организација;
- Лојална и стабилна личност;
- Одговорност, внимателност.
НУДИМЕ
- Нето плата во висина од 27000 до 40000мкд.;
- Вработувањето нуди обука за радиографска и ултразвучна контрола;
- Покрај основната плата, се зема и теренски додаток, прекувремени, и додаток за работа во недела;
- Нудиме и можност за напредување;
- Вработувањето се заснова на неопределен работен однос.
Сите кандидати кои се заинтересирани, може да испратат CV преку полето Брза Апликација.